Ете зошто ти ја оставил поклон колата. Човекот воопшто не ја одржувал, и сега тебе се ти паѓа.
И ти ко зет ми виде гага кола, ќе ја подсредам со 200-300 евра, цакум пакум ќе ја напрам и со иљадарка плин цел месец низ град. 700 евра даде.
Ја среде тој, ќефој месец два, ми кажва колку беше во право, и еве сега колата пак на мајстор, немал компресија на еден клип, пак пари треба да се даваaт.
Не е матиз ама е слична ситуацијата со состојбата на колата.
Не знам колку се тоа многу пари што ги имаш дадено, меѓутоа и да ја продадеш во минус ќе бидиш, парите за поправки никогаш нема да си ги вратиш.
Друга работа, ај ако ја продадеш, прашање е дали имаш пари за да земиш нешто поново, поскапо и барем колку толку поодржувано?
Ако имаш околу 3000€ со продажба на матизот некако да закрпиш, можиш да си земиш некоја корса, фиеста,... или понов спарк (ако веќе тоа те бендисва),
па порајат да си бидиш.
Под 2000€ ако си, досреди си тоа што имаш на него и терај си го матизот.
Можеби не сум во право ама јас вака би направил.