Автор Тема: Daewoo Matiz 2001  (Прочитано 5633 пати)

Отсутен TheErminK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Daewoo Matiz 2001
« на: 21 Јуни 2016, 02:38:46 am »
Дечки здраво :) Иако имам акаунт 2 години немам пишувано ништо а и немав кола... :/

Добив на некој начин поклон од човек што си замина од државата, Матиз 2001 - 800cc, од почеток ужасни проблеми со моторот кој беше за никаде и купив од пријателчче повловен кој работеше океј до пред некое време кога цела кола почна да се расипува од предница до задница па дури и плинот (атестиран)

Поентата ми е, имам потрошено МНОГУ пари на поправки и сега конечно ја доведов во ОК состојба и се прашувам, дали да ја продадам но некако не ми се дава поради се' што имам сменето и ја знам до последен штраф колата ме разбирате сигурен сум.

Сакав совет од некој што бил на мое место и некое искуство можеби ете...

Повеќе детали за менувањето освен новиот мотор:

Филтер воздух, уље, кочници предни ззадни, гуми предни нови, рамена нови, задни вилушки нови ништо репарирано, плинот стегнат целиот безз никакви забушавања + атестиран со мала потрошувачка, репарирана летва со се ново на нејзе и одлично работи, сменети се некои зупчаници на радилица и моторот е среден тип топ од другарче механичар кој специјално си се посвети на работата.

Има некои фрки секако, тропа воланот, ништо страшно ама ете тропа. Му требаат задни гуми и резервна гума како и да се смени едно црево за вода каде губи вода коа е под притисок (ужас)

Сите овие фрки докажуваат колку е одлукава ужасна да се донесе на двете страни, секоја помош е добредојдена :) Благодарам.
Mazda 3 1.6 HDI 2008
Daewoo Nubira 1.6 16v 1998
Audi A3 1.9 TDI 2002

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #1 на: 21 Јуни 2016, 09:51:49 am »
Ете зошто ти ја оставил поклон колата. Човекот воопшто не ја одржувал, и сега тебе се ти паѓа.

И ти ко зет ми виде гага кола, ќе ја подсредам со 200-300 евра, цакум пакум ќе ја напрам и со иљадарка плин цел месец низ град. 700 евра даде.
Ја среде тој, ќефој месец два, ми кажва колку беше во право, и еве сега колата пак на мајстор, немал компресија на еден клип, пак пари треба да се даваaт.
Не е матиз ама е слична ситуацијата со состојбата на колата.


Не знам колку се тоа многу пари што ги имаш дадено, меѓутоа и да ја продадеш во минус ќе бидиш, парите за поправки никогаш нема да си ги вратиш.
Друга работа, ај ако ја продадеш, прашање е дали имаш пари за да земиш нешто поново, поскапо и барем колку толку поодржувано?

Ако имаш околу 3000€ со продажба на матизот некако да закрпиш, можиш да си земиш некоја корса, фиеста,... или понов спарк (ако веќе тоа те бендисва),
па порајат да си бидиш.
Под 2000€ ако си, досреди си тоа што имаш на него и терај си го матизот.

Можеби не сум во право ама јас вака би направил.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 463
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #2 на: 21 Јуни 2016, 10:01:41 am »
Со таква кола таман ќе помислиш дека се си сменил, дека се е како што треба, ќе се појави некој глуп дефект. Таман ќе помислиш дека тоа е последното, ќе излезе нешто друго. Со други зборови ќе бидеш зијан ако ја продадеш, ама поголем ако ја чуваш. Нормално ова е само мое мислење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #3 на: 21 Јуни 2016, 10:40:24 am »
Отараси се што побрзо од таа кола и купи нормална кола која нема да е матиз/спарк/тико/Ц1.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #4 на: 21 Јуни 2016, 11:24:25 am »
Секогаш е таа вечна дилема. Дали да продолжиш да вложуваш или не.

Матизот, во најдобра можна состојба повеќе од 1500 евра не можеш да земеш.

Како што ми го опишуваш, со сите тие фалинки, 1000 ако земеш ќе бидеш на коњ. Не знам тоа тропање на волан што викаш. Ако си сменал се (вклучително нели и летвата) не би требало да тропа. Или лошо ти ја направиле или нешто не си сменал.

За задни гуми и црево е најмал проблем. Имаш половни гуми за да закрпиш и да можеш да ја продадеш.

Ама ако е само тоа проблемот, ...си го изел цело магаре, ти останала опашката. Извози го за парите барем :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #5 на: 21 Јуни 2016, 11:27:09 am »
Секогаш е таа вечна дилема. Дали да продолжиш да вложуваш или не.
Дилема има кога при вложувањето добиваш нешто. Да вложиш во W210 е различно од „вложување“ во матиз. Во вториов случај не вложуваш туку само фрлаш пари за џабе.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #6 на: 21 Јуни 2016, 12:04:05 pm »
I agree!

Отсутен TheErminK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #7 на: 21 Јуни 2016, 12:27:26 pm »
Немам за асална кола, да ја шитнам 1000 на коњ сум да, шо ќе земеш за 1000 еве хипотетички уше 200 - 300 да додадам ама поентата е тешко е и да го продадеш во ваква состојба без голема загуба односно 1000 евра малце тешко дека ќе му земам :) Иначе сум дал над 500-600 евра сигурно.
Mazda 3 1.6 HDI 2008
Daewoo Nubira 1.6 16v 1998
Audi A3 1.9 TDI 2002

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #8 на: 21 Јуни 2016, 14:06:41 pm »
Друже, за 1300-1500 евра можеш да земеш некое Пунто кец што е десет пати подобра кола од матиз.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #9 на: 21 Јуни 2016, 14:25:33 pm »
Кола над 20 години и под 2000€, ќе биди во состојба слична или со потеницијал да премини во состојбата на матизот.

А најубаво за кола се заштедува кога немаш кола, не одиш никаде, не трошиш пари за гориво, регистрација, делови итн... и ете ти минимум едно 1000€ годишно.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #10 на: 21 Јуни 2016, 16:02:17 pm »
Кога веќе си фрлил толку пари, греота е да ја даеш. Ако си мислел да ја даваш, требало пред да почнеш да уложуваш пари. Тоа е мое мислење. Матизчето е убаво градско количе, си брка работа. Мене, фала богу бар до сега, многу добро ме служи.

Отсутен TheErminK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #11 на: 21 Јуни 2016, 16:54:35 pm »
Кога веќе си фрлил толку пари, греота е да ја даеш. Ако си мислел да ја даваш, требало пред да почнеш да уложуваш пари. Тоа е мое мислење. Матизчето е убаво градско количе, си брка работа. Мене, фала богу бар до сега, многу добро ме служи.


Се согласувам тотално дека е супер количе за низ град и маста му ја извадив од возење.
Mazda 3 1.6 HDI 2008
Daewoo Nubira 1.6 16v 1998
Audi A3 1.9 TDI 2002

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #12 на: 21 Јуни 2016, 16:56:40 pm »
Ако се решиш да ја продаваш, продај ја за барем толку пари колку што си вложил во неа.
Второ, ако ја чуваш дооолго време, рачунај дека шансите за да ја продадеш отпосле ќе бидат се помали, односно ќе треба да ја дадеш за џабе.
Земи ги сите факти во предвид, разгледај ги и донеси одлука.
И јас имам стара кола, па одприлика разбирам како е, но не ја продавам, затоа што самата кола ми користи мноогу повеќе од парите што би ги добил за неа.
Ти си знаеш :)
Со среќа

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #13 на: 21 Јуни 2016, 16:58:03 pm »
Колку може помалку да ја даде?! Таа е цената. 500-1000 евра ќе варира.

Проблемот не е до Матизот како Матиз, туку тој од кој што ја зеде. Сигурно партал ја направил од немарност.

Отсутен TheErminK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Daewoo Matiz 2001
« Одговори #14 на: 21 Јуни 2016, 18:04:01 pm »
Колку може помалку да ја даде?! Таа е цената. 500-1000 евра ќе варира.

Проблемот не е до Матизот како Матиз, туку тој од кој што ја зеде. Сигурно партал ја направил од немарност.

Цената е таа, пробав да ја продадам пред да инвестирам во нејзе, негде Февруари беше и највеќе ми понудија 500 евра, си направив пресметка во глава: 150 евра регистрација дека само што ја регистрирав и плус атестиран плин 300 евра... за 50 евра не се исплати, боље ќе ја мучам уште 1 година...

Среќа имам добар другар мајстор што ме трпи па го малтретирам и секако помагам па и деловите да бидам фер не се скапи воопшто ете купив во саботата 900 денари = 2 рамена предни и ги сменив за рака дадов 500че. за 1400 тоа е според мене одлична поправка.

Човекот што ми ја даде не е воопшто лош човек туку е негрижлив и за бесплатна кола не смеам да се жалам затоа што е бесплатна :D
Тој ја возеше без уље го зариба моторот па го менував и се' тоа. Сепак фрките со предницата, задницата беа ужасни сега е колку толку во океј форма и уште некоја мала поправка планирам да направам па да ја тестирам на подолг пат да видам како ќе се однесува во однос на потрошувачка бидејќи минатото лето потрошив 230 денари плин до Дојран :) само за тоа се исплати колата.
Mazda 3 1.6 HDI 2008
Daewoo Nubira 1.6 16v 1998
Audi A3 1.9 TDI 2002