Здраво,
Дојде време малку да се подновиме.
Купен е 19.05.2016 и до денеска од мерак поминавме 1060 км

Година на производство 2011, 2.0 TDI 140 hp, за жал не е DSG. Каросериска извонредна состојба, моторот одлично работи. Единствено нешто што ми смета е што кога во место вртам лево десно појавува звук на крцкање, мајстор по телефон ми рече чашката дека е.
Се уште не сум бил да го проверам, освен Порше незнам кој мајстор има програм за дијагностика. ( ако имате препорачајте)
Купен е од Порше, 160 000 км поминати, на 140 000 км фактура со сменет сет кумплуг ламела потисна.
Пред 3000 км направен е редовен сервис, регистриран цела год со зелен картон.
Од искуство со поминати 1060 км, можам да заклучам дека моторот е доста жив и тоа од 1700 обртаи, што мене лично многу ми значи.
Потрошувачка на отворено, на прав пат со клима и на темпомат 140 km/h му е точно 5.0 л, што многу ме чуди и дури ми изгледа неверојатно. Низ град 6.5 - 7.5 зависно колку ти е силна ногата

.
За мој вкус вожњата е добра меѓутоа мислам дека треба да е малку помек. Можеби влијание имаат гумите 225/45/17 Сава - на пола животен век

. Пријатно ме изненади што по кривини се однесува исклучително стабилно - конкретно Плетвар и кривините накај Велес.
Овие слики се од местото од кадешто го земавме, сега предни фолии нема, извадени се бидејки биле накнадно ставани и малку двоеше за разлика од задните кои се фабрички.










