Автор Тема: Honda Jazz 1.2 i-dsi  (Прочитано 10827 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Honda Jazz 1.2 i-dsi
« на: 26 Мај 2016, 00:42:47 am »
Уште една хонда во фамилијата.Овај пат изборот падна на Jazz, и тоа сосем случајно.Барав уште една кола за брат ми татко ми и видов нов оглас и испадна дека е на другар колегата од работа колата, тогаш објавена не ни знаеше другарчето дека ка продава колата.Излезе одлична понуда за кола позната веќе.
 Произведен 2002, прва регистрација 2003
Изминати: 153822 км
Мотор: 1244 cm3  57 kW / 76 hp / 78 PS ( ECE ), Torque net: 110 Nm / 81 lb-ft
Низ град потрошувачката изнесува 6.3 според борд.
Од опрема поседува:
АBS
Предни воздушни перници
Клима мануелна
Електро серво волан
Електрика на предни прозори
Електрика на ретровизори
Борд компјутер
Централна брава со далечинско заклучвање
Magic seats багажникот во пештера се претвора :)
Направен сервис пред 3000 км, така да за следни 7000 сум рајат.









Многу чудна ми беше за возење првиот пат, се осеќам како комбе да возам.Има висока позиција за седење иако седиштето е спуштено на најниска позиција пак како во комбе сум се одозгора се гледа.Има прилично солидна прегледност, и простор во кабината, јас можам да се чешлам слободно а две метра чоек сум.Пријатно изненаден од просторот што го нуди.Тивко е многу во кабината за разлика од цивикот не се слуша воопшто кај што работи.При брзина од 120км/х бучавата од ветерот е многу поизразена.За кривини body roll има си сака со прилагодена брзина влегување.Нема никакво уживање во возењето ама па тоа и не му е намената.За тоа што е наменета служи одлично, лесна е за маневрирање по улици.
Има некои козметички ситници за средување ама ништо посериозно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #1 на: 26 Мај 2016, 08:00:40 am »
Затемни стаклата, направи хемиско да се одмирисаат седиштата. И топ е аутцето. Има простор и троши малце. Е сеа ептен е железарија внатре ама тоа е тоа...

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #2 на: 26 Мај 2016, 15:59:37 pm »
Епа со здравје да се вози, одлично изгледа.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Одг:
« Одговори #3 на: 14 Јуни 2016, 00:20:14 am »
Затемни стаклата, направи хемиско да се одмирисаат седиштата. И топ е аутцето. Има простор и троши малце. Е сеа ептен е железарија внатре ама тоа е тоа...
Ќе биди и тоа....Само да му дојди редот, еднаш цивикот да го досредам како што сакам

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #4 на: 14 Јуни 2016, 00:21:07 am »
Епа со здравје да се вози, одлично изгледа.
Фала,





К20 со турбо да се враќа, доста ти е 1.5 :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #5 на: 16 Јуни 2016, 22:45:07 pm »
Денес купени и монтирани две летни гуми nexen n blue eco 175/65/14 dot 0316.Цена 3600 денари со бесплатна монтажа и балансирање.Смешна цена за нови гуми, не се ни исплати на старо да се бараат гуми веќе...



Предните стари сега се назад Continental eco contact, а задните bf goodrich blizzak да не се трошат по жештините ќе си ги монтирам на зима.Добив со колата и две Sava Eskimo s3, така да имам два сета гуми сега.

Првиот впечаток со nexen е лош, има значително подолг пат на запирање во споредба со претходниот сетап.Инаку тивка мека гума.Денес извозени 40км низ град, па ќе видиме допрва како ќе се покажат сигурно му треба време малку т.е километри да се развозат.

Порачани се и сет дискови и плочки japanparts.Цена 4300 денари ова беше најдоброто што ми понудија, за десетина дена треба да пристигнат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #6 на: 17 Јуни 2016, 08:23:24 am »
Интересна градска кола.  Ако одиш на отворено, планирај ги однапред претекнувањата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #7 на: 17 Јуни 2016, 09:27:40 am »
Е арно де, како да не е свесен самиот тој до сега па треба да му се каже...
А може и да не е до толку.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #8 на: 17 Јуни 2016, 11:14:53 am »
остај ги малце да се "разработат" за тие пари топ гума е

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #9 на: 18 Јуни 2016, 00:49:24 am »
Интересна градска кола.  Ако одиш на отворено, планирај ги однапред претекнувањата.
Свесен сум за можностите на мотрот, си сака добар залет за престигнување а и една подолу или две за безбедно престигнување.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #10 на: 25 Јуни 2016, 17:04:35 pm »
Утринска гимнастика, исполирани светлата, и измиена колата.
Користено е водна шмиргла 2000 и 2500, паста за полирање и додаток за бор машина сунѓери за полирање.



Резултатот




Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #11 на: 25 Јуни 2016, 23:15:09 pm »
Одма е друга прикаската, сеа уместо канти навечер ќе почнеш комшики да собираш хаха :D

прогледа навечер сеа? ;D

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #12 на: 26 Јуни 2016, 00:28:02 am »
Нека пази некој ѕид да не собери само, дури гледа по комшивките... ;D
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #13 на: 26 Јуни 2016, 13:32:04 pm »
Па, пак да греби/фарба браници ;D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Jazz 1.2 i-dsi
« Одговори #14 на: 30 Јуни 2016, 16:20:45 pm »
Денес на 154.328 км променети дискови и плочки, japanparts 4300 денари.







Најверојатно не беа од претходниот сопственик никогаш променети дисковите.Работна рака 300 денари + schweppes :)