Уште една хонда во фамилијата.Овај пат изборот падна на Jazz, и тоа сосем случајно.Барав уште една кола за брат ми татко ми и видов нов оглас и испадна дека е на другар колегата од работа колата, тогаш објавена не ни знаеше другарчето дека ка продава колата.Излезе одлична понуда за кола позната веќе.
Произведен 2002, прва регистрација 2003
Изминати: 153822 км
Мотор: 1244 cm3 57 kW / 76 hp / 78 PS ( ECE ), Torque net: 110 Nm / 81 lb-ft
Низ град потрошувачката изнесува 6.3 според борд.
Од опрема поседува:
АBS
Предни воздушни перници
Клима мануелна
Електро серво волан
Електрика на предни прозори
Електрика на ретровизори
Борд компјутер
Централна брава со далечинско заклучвање
Magic seats багажникот во пештера се претвора
Направен сервис пред 3000 км, така да за следни 7000 сум рајат.
Многу чудна ми беше за возење првиот пат, се осеќам како комбе да возам.Има висока позиција за седење иако седиштето е спуштено на најниска позиција пак како во комбе сум се одозгора се гледа.Има прилично солидна прегледност, и простор во кабината, јас можам да се чешлам слободно а две метра чоек сум.Пријатно изненаден од просторот што го нуди.Тивко е многу во кабината за разлика од цивикот не се слуша воопшто кај што работи.При брзина од 120км/х бучавата од ветерот е многу поизразена.За кривини body roll има си сака со прилагодена брзина влегување.Нема никакво уживање во возењето ама па тоа и не му е намената.За тоа што е наменета служи одлично, лесна е за маневрирање по улици.
Има некои козметички ситници за средување ама ништо посериозно.