спецификации знаете сите, 767ццм 25кс.
го купив како донор за делови ама испадна дека е многу поздраво од тоа што го имам, на километраж има ~50.000км но ништо од тоа не е битно бидејки ке се освежува целосно, вака изгледаше кога го купив.
слики од патосот
што треба да се работи:
- да се сменат прагови и полумесеци
- ситни поправки на подкрилата(сите 4)
- целосно да се исчисти каде што има појавено корозија( ке се преврти на страна за да може да се сработи квалитетно)
- да се заштити и исфарба школката целосно
со предходното фичо, се заебав го носев на мајстори за крпење(само така можи да се нарече тоа сработено) бидејки немав co2 ама апаратот е поевтин одколку по 3 годни пак да го работам па купив и апарат така да парче на парче крпено нема да има, приоритет е сега да се среди лимариски и солидно да се заштити
моментално фичото што го возам изгледа вака, па и ова ке биди во сличен стил.
повеќе слики како што ке тера работата, финансиите се тие што се, така да ке се работи полека.