Изминатите деновиви заприметив доста црн чад над 2000rpm, а и при обично тргнување.
Исто така приметив звук како да диши од некаде под хауба при забрзување.
Бев на сервис, само што ја земав сега и ми рекоа дека било откачено/скинато некое црвевце од интеркулерот.
Средено тоа со цревцето, звукот при забрзување го снема, а таму на сервисот тврдеа дека најверојатно црниот чад е од тоа.
Ја пробав на враќање, при излегување од сервисот пак имаше црн чад, ама потоа уште неколку пати пробав нагло забрзување и не видов овој пат чад преку ретровизор.
Така да може да заклучам дека проблемот е решен, освен ако не приметам чад и ќе треба да им ја однесам повторно.
Интервенцијата ме кошташе: 1000 денари