Автор Тема: Passat 1.9 TDI 2003  (Прочитано 52442 пати)

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #180 на: 01 Јуни 2022, 13:31:08 pm »
Старото турбо го однесов во Ужице сервисот, среќа имаа на лагер друго па доплатив и земав од кај нив.

Старото:


Новото:


Вчера ја земав од сервис, сменето турбото, исчистен интеркулерот и се пропратно што треба да се зачисти/испере.
Изминати километри: 285157
При монтажа од старост најверојатно пукнало/се скршило едно цревце (TURBO OIL FEED LINE на англиски го најдов), претпоставувам тоа оди од филтерот за масло па до турбото, па истото е заменето со друго исправно.
Слика:


Сменето маслото исто така, овој пат ставив Castrol 5w40, до сега цело време ставав 10w40.


Сменети и филтерот за масло и воздух.




Целиот зафат ме кошташе:
Турбо: 280 евра = 17200 денари
Масло: 2600 денари
Филтер за масло: 400 денари
Филтер за воздух: 600 денари
Oil feed line: 1000 денари
Работна рака: 6000 денари
Вкупно: 27800 денари

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #181 на: 01 Јуни 2022, 14:21:05 pm »
Одлично.
Како е сега колата? Добро оди? Чади?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #182 на: 01 Јуни 2022, 14:56:40 pm »
За 5стотки не е лошо, добро си поминал  :) Наздравје возење сега.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #183 на: 01 Јуни 2022, 15:03:43 pm »
Кај нас го среди тоа, во нивното претставништво во Скопје?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #184 на: 01 Јуни 2022, 16:36:13 pm »
Сега тепај му гас 😁

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #185 на: 02 Јуни 2022, 12:02:09 pm »
Одлично.
Како е сега колата? Добро оди? Чади?
Засега добро е, задоволен сум од сработеното. Извртев некои 30-40 километри, викендов планирам подолга рута да ја пробам, па ќе видам како ќе оди.
За одење не сум ја пробал уште убаво, не сакав ептен да ја малтретирам уште на почеток.
Околу чадењето, кога ја земав таму и ја запалив немаше чад, после на бензинска видов малце чад (таму од сервисот немале време да ја извозат) и од тогаш не сум видел да чади.
Кај нас го среди тоа, во нивното претставништво во Скопје?
Да, кај нас.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #186 на: 01 Јули 2022, 13:33:42 pm »
1000 километри од промена на турбина.
Засега се е океј.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #187 на: 13 Август 2022, 16:00:10 pm »
За евиденција, задната десна врата вчера покажа проблеми и не сакаше да се заклучи.
Денес отворено, исчистено, подмачкано и сега си работи повторно и се заклучува.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #188 на: 23 Август 2022, 14:35:25 pm »
Да го запишам јубилејот и овде.
100.000 километри од кога е кај мене, ја земав на 188.800.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #189 на: 23 Август 2022, 15:14:38 pm »
Пред некој пост си пишал дека конечно си преминал на 5-40, а претходно имаш ставано цело време 10-40 масло. Мислам деак кај тебе е пропишано 5-40, не знам зошто цело време си ставал 10-40, можеби тоа е причината за рикнување на турбото. Нормално, не дека само тоа е причината, по години и км, доста било изамортизирано турбото.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #190 на: 05 Септември 2022, 11:57:09 am »
Пред некој пост си пишал дека конечно си преминал на 5-40, а претходно имаш ставано цело време 10-40 масло. Мислам деак кај тебе е пропишано 5-40, не знам зошто цело време си ставал 10-40, можеби тоа е причината за рикнување на турбото. Нормално, не дека само тоа е причината, по години и км, доста било изамортизирано турбото.
Не знам како сум го пропуштил твојот пост, ама да, можно е и тоа да има придонес за расупување на турбината.
Годините се многу, така да секој дефект е веќе речиси очекуван :)

Причината зошто ставав 10-40 е дека уште кога ја купив колата, на првиот сервис ми напоменаа дека ќе стават 10-40, јас тогаш врска немав што какво масло се става, па така со годините продолжив да го ставам истото.
Сега со новата тубина сам им напоменав за 5-40, а и самите истото ми го рекоа дека 5-40 треба да ставам.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #191 на: 07 Октомври 2022, 19:04:55 pm »
Денес 07.10.2022 се регистрираше возилото повторно.

Технички и останато - 7074 денари
Осигурување - 4062 денари
Вкупно = 11136 денари

+ зелен картон 5536 денари

Разлика во цени од лани

Технички и останато -> 7074 - 6181 = 893 денари повеќе од лани
Осигурување -> 4418 - 4062 = 356 денари помалце од лани

Случаен времеплов од 10.03.2018 до 07.10.2022 (денес)

-Потрошени парични средства во периодот наведен горе-
Гориво: 247899 денари (3811,83 литри)
Трошоци: 86967 денари
Сервиси: 91550 денари
Вкупно: 426416 денари
Изминати километри во наведениот период: 63004
« Последно менување: 07 Октомври 2022, 19:21:40 pm BigBull »

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #192 на: 11 Ноември 2022, 15:44:02 pm »
Изминатите деновиви заприметив доста црн чад над 2000rpm, а и при обично тргнување.
Исто така приметив звук како да диши од некаде под хауба при забрзување.

Бев на сервис, само што ја земав сега и ми рекоа дека било откачено/скинато некое црвевце од интеркулерот.
Средено тоа со цревцето, звукот при забрзување го снема, а таму на сервисот тврдеа дека најверојатно црниот чад е од тоа.
Ја пробав на враќање, при излегување од сервисот пак имаше црн чад, ама потоа уште неколку пати пробав нагло забрзување и не видов овој пат чад преку ретровизор.
Така да може да заклучам дека проблемот е решен, освен ако не приметам чад и ќе треба да им ја однесам повторно.

Интервенцијата ме кошташе: 1000 денари

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5192
  • Пиши лаже
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #193 на: 11 Ноември 2022, 16:10:48 pm »
Кај мене после долга градска вожња знае да чуди доста црн чад. 30,40км/ч цело време, тргни застани... Излегувам на автопат, пола саат ја бркам над 3500rpm и одма е подобро. :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #194 на: 11 Ноември 2022, 16:12:00 pm »
Кај мене после долга градска вожња знае да чуди доста црн чад. 30,40км/ч цело време, тргни застани... Излегувам на автопат, пола саат ја бркам над 3500rpm и одма е подобро. :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Испробано беше тоа, секој втор викенд е на автопат, а и чадот наеднаш се појави, 100% сум сигурен дека не беше така претходно.