Автор Тема: Passat 1.9 TDI 2003  (Прочитано 49017 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6889
  • хаУс мајстор
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #165 на: 10 Декември 2021, 13:07:45 pm »
Следно пробај со Бош, добро лежат и бришат.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54746
  • Махер
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #166 на: 10 Декември 2021, 13:10:30 pm »
Што бидна со штетата? Дозна зошто неќела европски? Нерегистрирана била или?

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #167 на: 10 Декември 2021, 13:13:07 pm »
Што бидна со штетата? Дозна зошто неќела европски? Нерегистрирана била или?
Регистрирана била, ама не даде јасна причина зошто не сака европски. Претпоставувам причината е како и кај поголемиот број од возачите, што не им е јасен начинот како функционира европски и си мислаат дека ќе плаќаат нешто поскапо или слично.

Небитно тоа, ми ја исплати сумата што ја побарав во кеш, сепак излезе фер од таа страна.
Сега останува на мене да ја средам штетата.
Кога ја отворивме веќе темата, предложете некаде низ Скопје каде да ги исполирам фаровите, за да не ја гледам гребаницата, некаде каде што имате искуство и сте задоволни од сработеното.

За штетата на браникот, цела кола ќе се полира на пролет кај Даме, па тоа останува тогаш да се среди.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4991
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #168 на: 10 Декември 2021, 16:21:00 pm »
Со истото полирање на пролет ќе ти го среди и фарот, не си фрлај пари за џабе веќе кога ја носиш кај Даме.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6516
  • French diamond
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #169 на: 10 Декември 2021, 23:23:14 pm »
Најверојатно не сакала европски за да не го изгуби попустот за регистрација, ако била мала сумата што ти ја исплатила.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #170 на: 11 Декември 2021, 09:00:38 am »
Ако била мала сумата што ја исплатила, минимална би и била и загубата во попустот, нема цел да и отиде.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #171 на: 11 Декември 2021, 09:08:11 am »
А мрцварењето?

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #172 на: 15 Март 2022, 19:44:41 pm »
Денес (15.3.2022) направен мал сервис на изминати 282220 километри.
-Масло Castrol GTX UltraClean   - 2000 ден.
-Филтер за масло MANN             - 400   ден.
-Филтер за воздух WIX                - 300   ден.
-Работна рака                           - 300   ден.
-Вкупно                                    = 3000 ден

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #173 на: 29 Март 2022, 13:55:37 pm »
Денес на изминати 282805 километри, сменети зимските со летните гуми.
Со зимските од 25ти Ноември до денес се изминати 4796 километри.
Од кога се купени зимските до денес вкупно имаат изминато 15023 километри.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #174 на: 19 Мај 2022, 13:43:24 pm »
Доста беше пали-вози. Сега и јас по стапките на @зоки-златен...

Вчера вечерта и ја закачив фтора до 4000rpm и почна да свири нешто, па ајде полека ја однесов до дома.
Денес полека и возејќи на ептен мали обратаи ја однесов на сервис, по пат свирењето го снема.
Во сервисот ми дијагностицираа дека турбината е проблемот, бев и на друг мајстор за второ мислење, истото ми беше потврдено дека турбината е дефект, дека гребе и испокршена е внатре.
Се слушнав со првиот мајстор, договорив понеделник да ја носам и да се вади турбината и да се види во што состојба е.

Сега сум во двоумица каде да ја репарирам турбината.
Овде од форумот имам читано некои од членовите се задоволни од Ужице турбо сервисот, како што се сеќавам и @зоки-златен има земено од таму репарирана за неговиот бивши пасат.
Сабајле ги исконтактирав и ми рекоа дека имаат турбина на лагер која одговара за мојот мотор, цената нормално ќе се одреди во зависност од состојбата на мојата сегашна турбина, ама ќе биде во опсег од 250 до 300 евра

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6889
  • хаУс мајстор
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #175 на: 19 Мај 2022, 15:27:49 pm »
Земи си од Ужице и не му ја мисли.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 573
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #176 на: 19 Мај 2022, 15:40:19 pm »
Познаник, кој возеше Алфа, зема од Ужице и ја возеше 5-6 години додека не ја продаде колата. Се секавам дека кажа дека немал проблеми со турбината.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6516
  • French diamond
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #177 на: 19 Мај 2022, 16:02:00 pm »
Ако даваат и гаранција, а мислам дека даваат, тогаш нема што да му ја мислиш...и цената не е страшна.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4991
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #178 на: 19 Мај 2022, 16:11:48 pm »
По читање од овде ,кај двајца другари е смената турбина на 1.9тди со оставање на старата од Ужице, еве 2-3 години немаат мака.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #179 на: 19 Мај 2022, 17:37:05 pm »
Доста беше пали-вози. Сега и јас по стапките на @зоки-златен...

Вчера вечерта и ја закачив фтора до 4000rpm и почна да свири нешто, па ајде полека ја однесов до дома.
Денес полека и возејќи на ептен мали обратаи ја однесов на сервис, по пат свирењето го снема.
Во сервисот ми дијагностицираа дека турбината е проблемот, бев и на друг мајстор за второ мислење, истото ми беше потврдено дека турбината е дефект, дека гребе и испокршена е внатре.
Се слушнав со првиот мајстор, договорив понеделник да ја носам и да се вади турбината и да се види во што состојба е.

Сега сум во двоумица каде да ја репарирам турбината.
Овде од форумот имам читано некои од членовите се задоволни од Ужице турбо сервисот, како што се сеќавам и @зоки-златен има земено од таму репарирана за неговиот бивши пасат.
Сабајле ги исконтактирав и ми рекоа дека имаат турбина на лагер која одговара за мојот мотор, цената нормално ќе се одреди во зависност од состојбата на мојата сегашна турбина, ама ќе биде во опсег од 250 до 300 евра
А да видеш со Благоја,до дистрибуцијата ти е у СР,т.е до Кам

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk