Доста беше пали-вози. Сега и јас по стапките на
@зоки-златен...
Вчера вечерта и ја закачив фтора до 4000rpm и почна да свири нешто, па ајде полека ја однесов до дома.
Денес полека и возејќи на ептен мали обратаи ја однесов на сервис, по пат свирењето го снема.
Во сервисот ми дијагностицираа дека турбината е проблемот, бев и на друг мајстор за второ мислење, истото ми беше потврдено дека турбината е дефект, дека гребе и испокршена е внатре.
Се слушнав со првиот мајстор, договорив понеделник да ја носам и да се вади турбината и да се види во што состојба е.
Сега сум во двоумица каде да ја репарирам турбината.
Овде од форумот имам читано некои од членовите се задоволни од Ужице турбо сервисот, како што се сеќавам и
@зоки-златен има земено од таму репарирана за неговиот бивши пасат.
Сабајле ги исконтактирав и ми рекоа дека имаат турбина на лагер која одговара за мојот мотор, цената нормално ќе се одреди во зависност од состојбата на мојата сегашна турбина, ама ќе биде во опсег од 250 до 300 евра