Автор Тема: Passat 1.9 TDI 2003  (Прочитано 52457 пати)

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #135 на: 29 Јули 2021, 08:49:59 am »
Вчера (28.7.2021) направен мал сервис на изминати 271700 километри.
-Масло Castrol GTX UltraClean   - 2000 ден.
-Филтер за масло                     - 400   ден.
-Филтер за воздух                    - 600   ден.
-Филтер за гориво                    - 700   ден.
-Работна рака                           - 400   ден.
-Вкупно                                    = 4100 ден

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #136 на: 06 Октомври 2021, 15:32:42 pm »
Денес (06.10) е направена регистрација, на изминати 275910 километри

Технички и останато - 6181 денар
Осигурување - 4418 денари
Вкупно - 10599 денари

+ зелен картон 5536 денари
« Последно менување: 06 Октомври 2021, 20:32:11 pm BigBull »

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #137 на: 17 Октомври 2021, 19:28:50 pm »
Се зачитав низ интернетот и видов дека кога колата работи и стои во место, потрошувачката требало да биде околу 0.5/0.6 l/h.
Кај мене проверив и е околу 1.0 l/h и како што видов низ интернетот причината за тоа може да е проблем со MAF сензорот или со дизните.

Ја извозив кратко со VCDS, со live data за MAF сензорот и зачував и лог од тоа.

Е сега јас не знам кои се нормалните вредности и дали од овие вредности можам да видам дали MAF сензорот ми е ок, па ако има некој што би можел да го погледне логот и да каже мислење би било супер  ::)

Линк од логот:
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1FpZjV9Egnr9evCkh1Ds-DHxovjRKI-jImHop7D6LCUE/edit?usp=sharing

Видео со live data:
https://1drv.ms/v/s!AnEZ8ggnHTprgYVgyAUxfqdFY74dMQ

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #138 на: 09 Ноември 2021, 21:27:16 pm »
Во врска со дискусијата што се започна во темата за измерена потрошувачка на гориво и повеќе членови ми потврдија за висока потрошувачка, решив да направам дијагностика.

Иако немам некое искуство, почнав со читање на интернет и едни од можните причини за покачена потрошувачка што ги најдов на интернет беа MAF сензорот, проблем со дизни или некој сосема трет сензор.

Пуштив дијагностика и извртев некое кругче низ маало и ги добив овие вредности за MAF сензорот и дизните, сега јас ги следев референтните вредности таму што се напишани во vcds за дизните и според мене ми стојат во ред, исто и MAF сензорот.

Дел од логот:


Исто така пуштив да се изврши и комплетна дијагностика и ја добив следнава грешка, што според мене 90% сум сигурен дека зголемената потрошувачка е предизвикана од овој сензор. (во наредните денови секако ќе се изврши промена на сензорот)


Некој да го потврди моето мислење? :D

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #139 на: 11 Ноември 2021, 17:54:32 pm »
Денес променет Coolant Temperature сензорот (на изминати 277505 км).
Ќе видам утре дали е решен проблемот со потрошувачката.

Сензорот + работна рака: 1000 денари

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #140 на: 13 Ноември 2021, 17:54:21 pm »
Софија - Струмица
Просечна потрошувачка: 5.9 l/100km
Поминати километри: 260
Просечна брзина: 61 km/h

Passat 1.9tdi 101hp

После промена на сензорот.

Струмица - Скопје

Просечна потрошувачка: 6.5 l/100km
Поминати километри: 172
Просечна брзина: 54 km/h

Е сега не знам дали има проблем или не.
« Последно менување: 13 Ноември 2021, 18:35:52 pm BigBull »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #141 на: 13 Ноември 2021, 17:56:59 pm »
Толку трошат,и јас би извадил иста потрошна со фиато.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #142 на: 13 Ноември 2021, 21:15:18 pm »
Според мене многу е тоа. Врати го стариот сензор оти со овој помала просечна брзина а поголема потрошувачка

Притисоко во гумите таман е? Случајно да не возиш со многу висок степен на пренос мислејќи дека штедиш, а уствари ја мачиш колата? Мислам на 5та брзина при 70км/ч и 1300 рпм? Ако имаш борд следи моментална потрошувачка и ќе знаеш кога и како троши.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #143 на: 13 Ноември 2021, 21:43:42 pm »
Си дошол до Скопје и не си го направил стандардниот супернаучен карклуб тест?

И зошто ти е толку ниска просечната брзина, односно по кои патишта си возел до Скопје?

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #144 на: 15 Ноември 2021, 22:20:43 pm »
Според мене многу е тоа. Врати го стариот сензор оти со овој помала просечна брзина а поголема потрошувачка

Притисоко во гумите таман е? Случајно да не возиш со многу висок степен на пренос мислејќи дека штедиш, а уствари ја мачиш колата? Мислам на 5та брзина при 70км/ч и 1300 рпм? Ако имаш борд следи моментална потрошувачка и ќе знаеш кога и како троши.

Не, не ја возам на толку малце рпм.
Читав по форуми и многу ја имаат речиси истата потрошувачка, па ми оди мислата дека изгледа толку трошат, дека не го гледам проблемот никаде.

Си дошол до Скопје и не си го направил стандардниот супернаучен карклуб тест?

И зошто ти е толку ниска просечната брзина, односно по кои патишта си возел до Скопје?

На мисли ме стави да го пробам карклуб тестот, често сум во Скопје ама никогаш не ми текнало на него. Ќе го имам на план секако :)

За просечната брзина, пред да тргнам за Скопје, возев низ Струмица имав некои обврски. Скопје го возев од Автокоманда до Геге некаде, па ме фати гужва малце и сето тоа влијаеше да опадне просечната.


Друго околу колата, нарачав нови патосници од Самад, деновиве ќе бидат готови па може тие ќе придонесат да се намали потрошувачката.
Ако не помогнат и тие, ќе ја возам така :)

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #145 на: 24 Ноември 2021, 18:50:49 pm »
Пред некој ден ми стигнаа лед сијалците што ги порачав од алиекспрес за проба.
(игнорирајте што светат малку погоре, така беа пред да сликам, после ги спуштив подолу)






Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #146 на: 24 Ноември 2021, 20:14:05 pm »
Samo da prasam gi sobira bez problem vo farot ili treba da se pravi korekcija na kapakot pozadi ?

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #147 на: 24 Ноември 2021, 20:18:46 pm »
Samo da prasam gi sobira bez problem vo farot ili treba da se pravi korekcija na kapakot pozadi ?
Кај мене не требаше никаква интервенција, влегоа без проблемм.
Немаше потреба дури ни од адаптери.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Passat 1.9 TDI 2003
« Одговори #148 на: 24 Ноември 2021, 21:50:27 pm »
Пуштај линкче за кај мене.
Одлично изгледаат вака на слика.