Според мене многу е тоа. Врати го стариот сензор оти со овој помала просечна брзина а поголема потрошувачка
Притисоко во гумите таман е? Случајно да не возиш со многу висок степен на пренос мислејќи дека штедиш, а уствари ја мачиш колата? Мислам на 5та брзина при 70км/ч и 1300 рпм? Ако имаш борд следи моментална потрошувачка и ќе знаеш кога и како троши.
Не, не ја возам на толку малце рпм.
Читав по форуми и многу ја имаат речиси истата потрошувачка, па ми оди мислата дека изгледа толку трошат, дека не го гледам проблемот никаде.
Си дошол до Скопје и не си го направил стандардниот супернаучен карклуб тест?
И зошто ти е толку ниска просечната брзина, односно по кои патишта си возел до Скопје?
На мисли ме стави да го пробам карклуб тестот, често сум во Скопје ама никогаш не ми текнало на него. Ќе го имам на план секако
За просечната брзина, пред да тргнам за Скопје, возев низ Струмица имав некои обврски. Скопје го возев од Автокоманда до Геге некаде, па ме фати гужва малце и сето тоа влијаеше да опадне просечната.
Друго околу колата, нарачав нови патосници од Самад, деновиве ќе бидат готови па може тие ќе придонесат да се намали потрошувачката.
Ако не помогнат и тие, ќе ја возам така