Spring break, woohooo
Ениху, апдејт:
- Сервис (масло, филтер за масло, филтер за полен, генерален преглед на се’ останато и штелување на рачна кочница). Искористени производи: Total Quartz 9000 Full synthetic 5w40, Nipparts филтер за масло, и филтерот за полен треба да го заменам пошто ми дале погрешен. Овој што ми е уште у кола беше ѓубре (ипак не е сменет 3 години), па доби малце чистење додека да го сменам
Рачната бараше штелување, оти не фаќаше баш како што би требало, ем двапати ми прогледуваат низ прсти на технички поради тоа
- Изваден спорЦки издув ASSO, вратен фабричкиот лонец. Резултат - мирна глава за долго патување кое треба да следи на крај на месецов. Во склоп со додадената звучна изолација, сега Лансерот со фабричкиот издув е пример како уствари колава требала да ја напушти фабриката каде што е правена.
Си купив и манометар за гумите, 75 денара од Лукоил. За дивно чудо, истиот производ во Еуро Стил беше +100 денари. Знам, пошто прво земав од таму, ама беше некој фаличен (ми се распадна у рука
), па ми ги вратија парите.
Ова заслужува епитет „Остваруваме“, не?