Автор Тема: Бандажи за Citroen C4  (Прочитано 5688 пати)

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Бандажи за Citroen C4
« на: 21 Декември 2015, 00:10:46 am »
Здраво друштво. Во последните неколку дена сум во потрага по нови тркала за мојата кола. Спецификациите се 16'' / 4 x 108 / 65.1. Бев во Benelux и Olimpiko, а во план ми е да прошетам по уште неколку места. Досега не успеав да најдам ниту по огласи ниту во овие 2 продавници бандажи со вакви спецификации, а да не збориме за различни стилови.

На интернет усеав да најдам само еден модел кој го има на egumi.mk. Дали може да ме упатите каде би имал среќа да не лутам на празно?

Фала

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #1 на: 21 Декември 2015, 00:14:42 am »
Јас да сум на твое место , би го барал строго овој бандаж ,на старо можеш да го начекаш
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #2 на: 21 Декември 2015, 00:18:34 am »
Сепак би се задржал на 16-ки


Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #4 на: 21 Декември 2015, 00:29:36 am »
Исто така, дали би можело да пасува бандаш со друга ширина на дупки доколку се искористи адаптер?

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #5 на: 21 Декември 2015, 05:22:27 am »
OZ можиш да си порачаш нови од Пневматик, тие се увозници. Се наоѓаа едно време и половни 16“ 4х108 по огласиве...

Во врска со адаптерите, да можеш какво сакаш растојание да ставиш доколку користиш адаптери, но имај во предвид дека адаптерите се со дебелина од 1,5цм па нагоре.

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #6 на: 21 Декември 2015, 09:28:13 am »
Фала, се јавив па ми кажаа дека ќе ми пратат понуда. Инаку вака искуство досега, ич не ги бива нашиве да ти продадат бандажи. Или треба да ги молиш за понуда, или да и се јавиш по неколкупати да ги потсетиш, или на вебсајтовите неможеш да најдеш ништо. Катастрофа.

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #7 на: 21 Декември 2015, 10:01:23 am »
Најдов 2 модели што ги има кај нас на лагер

Kormetal Challenger - 22.000 денари
https://lastikal.com.tr/product_images/6285/Kormetal-KM686-Challenger-7X16-4X100-ET35-67-2-Silver-16-Jant-Takim-_s1_20151029021903341.jpg

Xtreme XC48 - 19.000 денари
http://static.wheelsshop.dk/image.php?mwidth=200&mheight=200&filename=Li91cGxvYWQvSW1wb3J0L2V1cm93aGVlbHMvQUxVL3g0OC14NDgtc2lsdmVyLTEwMzEyMHguanBn&b64=1&type=jpg&quality=75

Сега за сега, challenger-от ми фаќаат око.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #8 на: 21 Декември 2015, 10:05:15 am »
Јас би вторите, некако повеќе ми одговараат за C4.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг:
« Одговори #9 на: 21 Декември 2015, 10:06:48 am »
 Првите ми се поубави.

А и двата личат тешки.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #10 на: 21 Декември 2015, 10:13:15 am »
Фала, се јавив па ми кажаа дека ќе ми пратат понуда. Инаку вака искуство досега, ич не ги бива нашиве да ти продадат бандажи. Или треба да ги молиш за понуда, или да и се јавиш по неколкупати да ги потсетиш, или на вебсајтовите неможеш да најдеш ништо. Катастрофа.

Тоа е, кога се вработени неписмени на продажба...

Подоцна ке ми пратат понуди од Пневматик Битола па ке ти ги пишам ;)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #11 на: 21 Декември 2015, 10:29:13 am »


Пред 4 месеци ги продадов овие како на сликата. 16х7.5 OZ Superturismo 4x108 ET 37

Ги купив за фиестата ама ми беа поширочки.

Еве каде се прикажани
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,16636.msg758355.html#msg758355

Ретки се 4х108 бандажите кај нас. Ептен тешко можеш да начекаш во димензија што ќе ти треба. Ама не се откажувај.

Ако имаш стари гумии челички бандажи за фрлање, оди со нив до Софија, пазари си таму комплет бандажи и гуми и не се замарај со мајмуниве кај нас што продаваат бандажи.
Јас ептен се нервирав со нив...

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #12 на: 21 Декември 2015, 10:39:24 am »
Да бе ги видов овие дека си ги продавал. Супер бандажи за супер цена. Штета што не сум ги начекал.

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #13 на: 21 Декември 2015, 15:30:14 pm »
Земав од Stop&Go бандажи и гуми. Се комплет ме фати околу 32.000 денари. Гумите се Debica.

http://imgur.com/a/Om8fg

Знам дека 17-ки се оптимални за оваа кола, али да сме здрави и живи кога ќе има повеќе пари :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Бандажи за Citroen C4
« Одговори #14 на: 21 Декември 2015, 15:44:39 pm »
Земав од Stop&Go бандажи и гуми. Се комплет ме фати околу 32.000 денари. Гумите се Debica.

http://imgur.com/a/Om8fg

Знам дека 17-ки се оптимални за оваа кола, али да сме здрави и живи кога ќе има повеќе пари :)

Добро легнале. Со здравје да си ги возиш.

За летниот сетап може да си земеш 17-ки.

Што димензија на гуми монтираше?