Коска сениор и коска јуниор, благодариме на исцрпниот одговор. Посакувам што побрзо да го видиме ѕверот на патека. Ако не пречи ме интересира нешто повеќе околу овој дел:
"vaka spremen agregat moze na merenje na dinamo ili vo kratok vremenski interval kako sto se DRAG RACE trkite da proizvede mnogu golema energija ili potocno so ovie dizni na 130% duty cycle i turbo pritisok od 1,5 bari okolu 700+ konjski sili so pogolemi dizni moze i poveke od toa . "
Кои се границите за безбедност на „здравјето“ на моторот за она за кое е наменето возилото, т.е. кружни трки. Поточно колкава маскимални снага и вртежен момент може да се извади од вака конфигуриран мотор, а да не се упропасти моторот за релативно кусо време?
Во Македонија нема динамометар, уште помалку пак динамометар кој би можел прецизно да измери 500+КС снага, па ме интересира како го тестирате моторот при различни конфигурации на механика и софтвер. Јасно ми е тоа за искуството и слично, меѓутоа ентузијастите во странство тоа го прават на динамометар. Значи ставаат/вадат делови или преконфигурираат мапи и ја ставаат колата на динамометар за тестирање. А што може да се направи без динамометар?
И уште едно „шта би било кад би било“ - ако ставите нитро згора на се?