Ајде вака и официјално да го представам мојот нов миленик..
Renault Clio 1.6 16v 110hp
Фул опрема клима, полукожни спортски седишта, абс, серво, централно со далечинско, електрика на стакла и ретровизори, атестиран плин и кука.
Си има доста солидни гуми, Gislaved 2014та од кои не сум задоволен баш во перформанси (може и дека е поладно времево)
За мене доста живо моторче, и малце покрута вожња затоа што има bilstein амортизери..
Вади убаво звукче над 3-4000 обртаи, најверојатно затоа што му е изваден катализаторот.
Потрошња во овие неколку дена, ако го бркам малце околу 10 до 11 максимум.. иначе околу 9 литри плин
Си има каросериски доста маани (големо оштетување има од кровни носачи) но тоа полека..
Можно е да се сменат бандашите со некои OZ 15ки, K&N филтер (ама ќе треба некои преправки изгледа)