Автор Тема: Брисачи  (Прочитано 475576 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10647
Одг: Брисачи
« Одговори #1770 на: денес во 17:50:14 »
@nestor04
Да не ја трујам темата на инаетливиот кој обвинува течност за стакло...цепки!

Еве ти слика од пакувањето од сервис Тојота. Денсо не се!
И слика од самите метлици, и со стрелки обележаните разлики помеѓу таа од фабрика монтираната, и од сервис купената со паковката.
Фабричката ја поставив над таа од сервисот.




ОЕМ, genuinе,  како сакаш крсти ги, но не се идентични.
А за составот на гумичките, ич да не зборуваме.

За мене е сосема прифатливо да тераат една година, од прва беспрекорно да бришат, но и да не се скапи.

Со и30 користев едни Праксис, задоволен бев, тераа една година, купив втори од истите, нешто смениле во дизајн, и срање, од прва не бришеа беспрекорно.
« Последно менување: денес во 18:08:42 Mikius »

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7347
  • Шо да пишам тука?🤔
Брисачи
« Одговори #1771 на: денес во 18:28:08 »
Ако почнале за third world countries да монтираат фабрички некои глупости…
Denso се 100% можам да потврдам, да ги најдам по оем број и да видиш дека исто изгледаат.

Едит:
Се запнав и отворив каталог, претпоставувам ова е Тојота Корола после 2020та година.
Лев - 85222-02470 / replacement 85222-12B00
Десен - 85212-02420 / replacement 85212-12620

Ако ти дале друг модел (во примеров replacement) тогаш да, зошто под првиот оем број што излегува во каталог го нема на залиха во овластен во ЕУ…

Едит2:
Горниот брисач не знам дали бил фабрички (претпоставувам не) тој е replacement (демек подобрен) под број 85222-12B00
Еве слика:


Едит3:
Симнав Tapatalk за прв пат, па затоа морав повеќе пати да едитирам, не ми се отвораше форумов преку browser
Еве за мојата кола еден оем брисач:




А еве го Denso (од Amazon):



Еве и бројче да си споредиш:
OEM 85222-53071 / Denso DU-070L

Би одговарал тој и кај тебе. А десен е Denso DU-035L. Земи си два Denso и свиркај си, не плаќај 3 пати поскапо во овластен.

Не знам што брисачи воопшто има од фабрика кај тебе (дали се исти со овие на видеово) бидејќи вечерва немам баш фокус, ама и овие се произведени од Denso:
OEM вади, OEM монтира.
« Последно менување: денес во 19:34:40 nestor04 »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10647
Одг: Брисачи
« Одговори #1772 на: денес во 20:12:58 »
Тој што го држам над монтираниот брисач, тој е фабричкиот.
Братучедот исто како мене, иако не бришеле добро, си ги зачувал во резерва, доколку некој му ги украде да има веднаш за ставање.
Јас многу не му се замарам за ОЕМ (фабрички монтираните) бидејки не ми служеле добро на ниедна кола.
Со Типото се измалтрерирав, 60 евра една метлица (сосе брисач во комплет беше дизајнот), почнав со средства разни, меѓудругото тогаш почнаа да се појавуваат чудотворни средства со "нано технологии" и магии😂 Дури откако фатив гумички да пресадувам видов успех.
На меганот ставив валео од официјален (ми ги испофалија), од прва шмрљаа, и не издржаа ниту пола година. Пробав со "банана" некој бренд (солени беа), катастрофа. Се вратив на Шампион (железните) кои ги користев на Југото.
Со и10, пола година не издржаа, директ отидов со шампион.
Со i30, ајде, добри беа две години. Потоа експерименти со разни брендови.
Во меѓувреме исчезна Шампион од нашиот пазар.
На крај купив од сервисот Кореа ауто Трејд. Дааалеку се од ОЕМ, но се погодија. Еве ги сеуште добро бришат на и10.

Можам многу работи да истолерирам, но метлица која не брише беспрекорно и остава линии, остава влага, не поднесувам.