Автор Тема: Брисачи  (Прочитано 341028 пати)

Отсутен PijsikavePijsitutun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
Одг: Брисачи
« Одговори #1470 на: 27 Септември 2019, 15:20:09 pm »
Hella брисачи има некој користено? Кај Мавровка во продавницата ги гледав ми ги фалеше продавачот.

Wurth vs Praxis?

Меркур некој да не видел што бришачи има?

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Брисачи
« Одговори #1471 на: 27 Септември 2019, 20:04:40 pm »
Hella не знам инаку за Wurth vs. Praxis, немам дилеми. Praxis-от 10-ка се многу подобри. Вуртот кај мене не знам ни дали три месеци издржаа пред да почнат да рипаат и квичат. Зборам за вурт земени од макпетрол, тие зелените. Катастрофа квалитет и тоа пазени, никогаш не пуштано да бришат на суво, прашина и сл.

Праксисот реално тераат до кај година кај мене. Не дека не бришат послем, ама ме нервира оставаат линии и сл.
« Последно менување: 27 Септември 2019, 20:09:59 pm Johnny625 »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Брисачи
« Одговори #1472 на: 27 Септември 2019, 20:33:13 pm »
Па годишно и треба да се менуваат брисачи, без разлика дали се ОЕМ или најевтини.

Отсутен PijsikavePijsitutun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
Одг: Брисачи
« Одговори #1473 на: 27 Септември 2019, 23:13:41 pm »
Зедов praxis од сините и се заебав, не се затвора капачето црно откако ќе се стави бришачот, тесно е жлебчето, сега ќе треба да импровизирам да ги прицврстам со везица. 2та за 320 денари ме фатија (61цм и 38цм), една година ако истераат се доволно, вурт два доаѓаа околу 900ки (црвено црно паковање).

Тие црвените праксис ваљда имаат повеќе конектори, ама ај демек кинески прв пат ги земам да не фрлам пари за поскапите и ја утнав, инаку порано само Бош имав возено, ама се далеку поскапи, 5 години ќе купуваш праксис со едно менување Бош.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Брисачи
« Одговори #1474 на: 27 Септември 2019, 23:19:43 pm »
Имам констатирано дека метлици од одреден бренд не бришат еднакво на секоја кола.

Праксисот легна убаво на i30, но на претходната кола Меган 2 беа ужас.

Лукас, на меганот2 катастрофа, на Меган 3 добро бришеа.
Истото и јас го имам приметено. На пунтото одлично бришеа, на меривата не ги бива.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Брисачи
« Одговори #1475 на: 28 Септември 2019, 16:14:13 pm »
Па годишно и треба да се менуваат брисачи, без разлика дали се ОЕМ или најевтини.
Ти сакаш да кажеш дека секоја година купуваш ОЕМ и ги мењаш? Или... ?

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Брисачи
« Одговори #1476 на: 28 Септември 2019, 17:01:36 pm »
OEM брисачи траат малку повеќе од една година ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Брисачи
« Одговори #1477 на: 28 Септември 2019, 18:02:47 pm »
Па годишно и треба да се менуваат брисачи, без разлика дали се ОЕМ или најевтини.
Ти сакаш да кажеш дека секоја година купуваш ОЕМ и ги мењаш? Или... ?
Па да. Со голфот фабричките ги сменив на две години а можеби и требаше порано зошто оставаа траги на средина негде и после се заинтересирав повеќе и стварно така пишува во упатство.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Брисачи
« Одговори #1478 на: 28 Септември 2019, 18:31:48 pm »
На i10, фабричките не издржаа ни пола година откако ја купив.
Во тоа време користев Шапионови метлици на Меганот па купив и за i10 и тераа по минимум 2 години и на двете коли.

На i30, фабричките тераа 3 години. Не беа за менување но летово имав случка во сити мол и едната метлица беше оштетена па ги ставив во гепек за резерва. Прво купив Wurth метлици но ми беа бучни и ги сменив со Praxis. Сега за сега се добри, ќе видам колку ќе тераат.

Како ненормален прскам секој ден на шофершајбната ;D
Како течност за стакло користам Сонакс на растварање.
Можеби тие два фактори го продолжуваат векот на гумицата од метлицата :)

Така да нема некое универзално правило.
« Последно менување: 28 Септември 2019, 19:29:51 pm Mikius »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Брисачи
« Одговори #1479 на: 29 Септември 2019, 10:25:41 am »
Јас од време на време ги забришувам брисачите со влажна крпа, да се го симнам ѓубрето што е наталожено на нив. По некоја моја логика, ако нема ѓубре (прашина, кал, итн) на нив, подолго би траеле.

Еве, Голфот е веќе седма година, на втор пар брисачи сум.

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Брисачи
« Одговори #1480 на: 29 Септември 2019, 10:35:51 am »
Втор пар, од кои? ОЕМ?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Брисачи
« Одговори #1481 на: 29 Септември 2019, 11:21:39 am »
Голфот има 7 години а колку поминато? :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Брисачи
« Одговори #1482 на: 29 Септември 2019, 11:26:02 am »
Јас од време на време ги забришувам брисачите со влажна крпа, да се го симнам ѓубрето што е наталожено на нив. По некоја моја логика, ако нема ѓубре (прашина, кал, итн) на нив, подолго би траеле.

Еве, Голфот е веќе седма година, на втор пар брисачи сум.

Исто и јас ги бришам и сум сигурен дека тоа е сосема битна ствар. Намерно запишав кога сум ги променил последните најобични евтини (300 денари двата, од Лукоил) Праксис бришачи, 4 ноември 2017. Колата паркирана надвор цело време. Сеуште се во солидна форма, не оставаат траги.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Брисачи
« Одговори #1483 на: 29 Септември 2019, 11:37:23 am »
Голфот има 7 години а колку поминато? :)

Е да, трајноста на бришачите е директно поврзана со поминатите километри... нон стоп се пуштени и се трошат, како и ламбите во фаровите :)

Мала шала. Гума како гума, најмногу влијание имаат временските услови. Чувана кола надвор и во гаража не е исто. А тоа со километрите, мање-више небитно.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Брисачи
« Одговори #1484 на: 29 Септември 2019, 11:55:30 am »
Голфот има 7 години а колку поминато? :)
Уште маааалку и 100.000. :)