Автор Тема: Проблем со палење на Форд Ескорт при подолго возење  (Прочитано 1065 пати)

Отсутен martinnau2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Здраво,

Имам Форд Ескорт CLX 1.4 бензин/плин, 75hp, 1996 година. При подолго возење на колата откако ќе се изгасни, после тоа не може да се запали одредено време (дава контакт, има светла, радио и сл). Откако ќе помине одредено време, колата пак си пали нормално. Акумулаторот е купен пред 3 месеци, алтернаторот е сервисиран лани. Ќе ве молам ако некој го имал овој проблем да ме советува како да го решам, или пак некој мајсор да ми каже за што проблем се работи.

Поздрав и ви благодарам однапред.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со палење на Форд Ескорт при подолго возење
« Одговори #1 на: 01 Септември 2015, 01:25:21 am »
чекај малку...

вергла и не пали или не вергла воопшто?

изјасни се по ова прашање прво...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен martinnau2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем со палење на Форд Ескорт при подолго возење
« Одговори #2 на: 01 Септември 2015, 01:51:04 am »
Заборавив да напишам, не ни вергла воопшто. Значи има контакт, вртам на клучот и ни верглање ни ништо.
« Последно менување: 01 Септември 2015, 03:51:40 am martinnau2 »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со палење на Форд Ескорт при подолго возење
« Одговори #3 на: 01 Септември 2015, 03:51:44 am »
е тоа е веќе друг муабет...

бендексот на алансерот, или некои го викаат автоматче за алансер, ти е при крај... нај веројатно.. но има мали шански да е и реленцето кое дава струја на бендексот, доколку го има тоа реле...

ке мораш со мајстор да го направиш следниов тест.. да ја загреете убаво колата, нормално седејки колата на канал... изгаси ја и ако нејке да запали, мајсторот знае каде да даде директна струја на алансерот за да завргла... не би ти објаснувал каде и како, за нестручни лица, може беља да направат...

вториот тестинг е, да ја откачи жицата од алансерот и да чуете дали “клецка“ релето или не, на загреано... сепак, ова за релето треба да се провери во датата за тоа возило дали го има... ако го нема, релето, ДЕФИНИТИВНО е само автоматчето отидено... нема друго...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време