Друга ствар што ја приметив е кога ке постои колата (пример преку ноќ) потоа пали работи 10-15 секунди и се гаси самата и после тоа само вергла :/
aх.. сега е појасно веќе.... нафтата ти се враќа наназад. некаде прима воздух во системот за гориво... во принцип треба да се прегледаат цревата околу филтерот за нафта и пумпата...
но.. чим запалува и работи 10-15 секунди па гаси, типувам на филтерот за нафта... или самиот он прима воздух, или тука некаде околу него цревцата се. ај вака... прво пробај, престегни ги стегите на цревата, на сите црева. ако има онакви стеги кои немаат опција за престегнвање, иди во продавница за авто делови, купи неколу стеги (види колку ти требаат точно, за сите места) убаво стегни ги, онака силно што се вика до крај, до пред да прошлајфува штрафчето, па запалија нека поработи за да го евентуално истера целиот воздух, развози ја неколку километри и следниот ден пробај пак... ако пак така напрви, тогаш види со самиот филтер е проблемот. ако неможеш кај филтерот да го најдеш проблемот, тогаш има соломонско решение... купи неповратен вентил и тури го на доводното црево на нафта. пресечи го и вгради го, со стеги секако... тоа би требало да ти го реши проблемот...