Автор Тема: Проблем со лер гас Opel Corsa B 1.4i 8v  (Прочитано 1676 пати)

Отсутен krstep

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Проблем со лер гас Opel Corsa B 1.4i 8v
« на: 05 Мај 2015, 19:24:11 pm »
Имам проблем што не знам како да го решам.
Се работа за Opel Corsa B 1.4i 8V (44kw), моторот е C14NZ.
Кога е ладен моторот колата си работи прилично добро, малце повисок лер гас ама мислам тоа е нормално додека се загрее моторот.
Но, откако ќе се загрее наместо да се намали лер гасот, моторот работи на многу висок лер гас (мислам околку 1500 обрати?), на одредени моменти се намалаува постепено, потоа пак се враќа на висок лер гас.
Исто така има проблем со забрзување, доколку притиснам гас понагло колата се гуши, не прима гас, звучи како да сака да гасне, на угорницa многу слабо прима гас дури и во 1ва.
До сега сменети ми се сите свеќици, ламбда сондата, сите филтри. Check Engine не свети.
Што може да е проблемот?
Rover214si
Škoda Fabia 1.2 HTP

Отсутен tysoons

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Проблем со лер гас Opel Corsa B 1.4i 8v
« Одговори #1 на: 06 Мај 2015, 14:46:33 pm »
Ја имав истата корса само мојата беше 93'. Чест проблем е овој кај овие корси. Може да се многу работи. Однеси ја на посаглам мајстор да не ти сменат 100 работи за џабе. Може да е карбураторот, цревата, сензорот за лер гас, бензинската, уште некој сензор имаше, свеќици, кабли... Јас се изнадавав пари на крај испадна од кај цревата влагало фалш воздух...