Здраво на сите, дали некој го има овој апарат чисто да каже искуство... дали да го земам чисто за аматерска работа 10-20 вара годишно ?
Не кажуваш цена. Ова според брендот е од Евтинија? Ако да, зошто не Ингко апарат? Колку може овој ге-хокот да е поевтин?
Вака 140 кинески Ампери... Тоа значи 2.5мм електрода максимум и веројатно со „одмарање“. Ама има и мод на работа за заварување со полнета жица (без боца со гас), тоа е добро пошто за почетник со жица е полесно.
Значи зависи од цена и гаранција. Ако не ти се брза сочекај еднаш годишни идат вакви за ~7 илјади во Лидл (Србија). Или од препродавачи на огласи (некаде 200е идат). Парксајд е секако подобро од ГеХок и слични... Јас се мислев да го дадам во оглас мојот таков апарат пошто го земав поскапиот модел што работи и со СО2/Аргон, и има поголема моќност. Ако си заинтересиран, пиши ПП ќе се договориме.