Автор Тема: Вицови & Смешки  (Прочитано 979724 пати)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6180 на: 25 Декември 2021, 01:14:05 am »
Една плавуша преживеала бродолом, но само што излегла на крајбрежјето ја нападнале крокодили. Веќе се поздравила со животот, кога од шумата се чуло:

– АаааААаааааа!

Тарзан скокнал на крокодилите и ги задавил. Заносната плавуша, жива среќна му се фрлила во прегратки и почнала да го распрашува:

– А, како се снаоѓаш за јадење?

– Тарзан убива, Тарзан пече, Тарзан јаде!


– А, како набавуваш облека?

– Тарзан убива, Тарзан одере, Тарзан облекува!

– А, како се снаоѓаш за оние работи, мислам на секс?

– Тарзан најде дрво со дупка, Тарзан завршува работа!

– Сега кога сум јас тука, веже не ти треба дрво. Ајде со мене!

Го фатила за раката и го однела во шумата и се натртила.

Тарзан се затрчал накај неа и со сета сила ја шутнал со ногата по задникот!

Едвај дошла при себе од шок, па го прашала плавушата:

– Тарзане, што направи? Зарем не сакаш да си со мене?

– Тарзан прво провери дали има верверица! 😂

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6181 на: 04 Јануари 2022, 01:11:02 am »
Си бил некој си експерт и намал каде да се докаже па тргнал
Си бил некој си експерт и немал каде да се докаже па тргнал по државава да бара место каде ке може да се докаже. Одел така и налетал на еден овчар со стадо овци, и го прашал овчарот:

– чичко сакаш ли да ти кажам колку овци имаш.

– ајде кажи.

– имаш вкупно 430 овци.

– браво бе погоди.
– а сакаш ли да ти кажам колку телиња имаш.

– ајде кажи.

– имаш 143 телиња.
– браво бе и ова го погоди.

– а сакаш ли да ти кажам колку од телињата ти се машки а колку женски и ако погодам да ми дадеш едно јагне?

– може бе , ајде кажи.

– имаш 100 женски и 43 машки

– браво бе и ова го погоди. Ајде сега бирај јагне.

Одбрал експертов едно што му се чинело најубаво, а овчарот го прашал дали сега тој може нему да му погоди што е по професија и ако погоди овој да му го врати јагнето. експертов се
согласил.

– ти дете си експерт.

-браво бе дедо како погоди.

– прво никој не те викна сам си дојде, како второ ми кажа работи што многу добро ги знам и трето врати ми го шарпланинецот. 😂😂😂😂

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6182 на: 06 Јануари 2022, 14:40:51 pm »
Зоолошка 😂

 Студент се вработил во зоолошката градина. Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре, но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција. Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека одел му се приближува на тигарот.
Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6183 на: 19 Јануари 2022, 01:51:05 am »
 😁

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6184 на: 19 Јануари 2022, 02:04:20 am »
Па, нека е здрав и жив!
Ќе ги потепа и тие во затвор, нема гајле. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6185 на: 20 Јануари 2022, 18:53:10 pm »
Имам другар Диме го викаме Дичката, татко му Видан го викаме Вичката, а брат му Перо го викаме Перо дека многу се лути.


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6186 на: 03 Февруари 2022, 07:55:58 am »
😁
Кога се купува нова кола, секој има прашања.
Таткото:
– Колку троши?
Мајката:
– Дали навлаките ќе се совпаднат со костумчето?
Синот:
– Дали оди 200 км/ч?
Комшиите:
– Од каде пари за нова кола?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6187 на: 10 Февруари 2022, 21:32:43 pm »
Влав пишува порака на друг влав:
– Јани, не можам да ти го најдам бројот, те молам ѕвони ми ти!
По некое време добива порака:
– Си го сменив телефонот, и јас ти го немам бројот. 😁

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6188 на: 14 Февруари 2022, 14:33:33 pm »
Жената кренала температура и мажот ја однел на доктор. Бидејќи премногу се задржала внатре кај докторот, мажот не издржал, ја отворил вратата и го фатил докторот како ја „работи“ жена му од позади.
– Што правиш бе?
– Па… ѝ мерам температура! – Промрморел докторот.
Мажот бркнал во џебот, извадил пиштол, го насочил кон докторот и налутено рекол:
– Вади го полека и моли се на него да има бројки…😂😂😂

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6189 на: 04 Март 2022, 15:05:37 pm »
Хокус покус, девојка ти е во мојот Форд Фокус.


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6190 на: 04 Март 2022, 15:07:47 pm »
Хокус покус, девојка ти е во мојот Форд Фокус.
Не се десило :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6191 на: 10 Март 2022, 23:38:52 pm »
Мара се јавуе у Полицијата;
---Ало полиција ли е...
---Да, повелете..
---Блажо мој, уш пред два дена испадна по компир да направам мусака, и уш го нема, шо да праам..
---Ами тури гра нека се сваре, ѓоа мора мусака...

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6192 на: 12 Март 2022, 00:10:44 am »
---Мамо, може ли една пријателка да дое кај мене на кафе....
---Може бе сине, како не, само прво смени го чаршавот од  креветот у твојта соба, оти ако седне на него, зихер че остане трудна....

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6193 на: 06 Април 2022, 22:53:17 pm »
Во Кавадарци...
 Извинете каде се продава ракија ?
- Црквата ја гледаш ли ?
Да
-Епа секаде освен во неа.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #6194 на: 09 Април 2022, 20:17:19 pm »
Еден совет че го памтам од тато.....
Каа беше у средно на времето, цела вечер вежбав математика, и пак тестот го извадов слаба оценка, и тато ми речи:
---Никој се нема посрано оти WC-то е далеку, туку оти касно тргнал...