СЗО да измислат тест за глупост, тоогаш ќе видат што е пандемија.
- Мамо, мамо, јас посвоен сум?
- Да бе, од сите деца, баш тебе па ќе те земиме...
Ланското лето на Тасос, ова лето на Терасос.
- Мажу, ти гледаш Дискавери, да не знаеш колку живеат змиите?
- Зошто, да не ти е лошо?
Рзговараат двајца пријатели:
- Кои жени повеќе ти се допаѓаат, тие што многу зборуваат или другите?
- Кои други?
Ние Македонците сме како тампони. Живееме на едно од најубавите места во сметот, но во ужасен период.
Двајца мажи пијаат пиво во селска кафана. Едниот излегува надвор и се враќа со водени чевли.
- Дожд?
- Не, ветер.
Македонец не верува дека постои Ковид 19, но верува дека 5G ќе му ги убие кокошките.
Кога Перо почна да си ги дезинфицира рацете со Шанел, жена му сфати како се чувствувал кога ги бришела масите со одлежана лозова.
Се шетаат двајца стаорци во подрумот на зградата, едниод извикал:
- Мамо мамо, човек!
- Стој понастрана од него, луѓето разнесуваат секакви зарази!
Во Македонија да добијаш коронавирус, комшиите ќе речат зошто тој да има, а ние не...
Карантински дневник:
- Седам по цел ден дома, а кучето ме гледа со поглед „Сфаќаш сега зошто го гризам мебелот и патиките?“