Автор Тема: Помош!!!  (Прочитано 3520 пати)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Помош!!!
« на: 26 Септември 2011, 16:39:13 pm »
значи некако не знам како се има одлепено на десната страна заштитната пластика под браникот. не сакам да ја извадам сакам да ја залепам. со што би можел да ја средам за да држи пластиката или може и да се закачи некако? ме нервира кога возам над 80-90 и кога кочам најверојатно фаќа негде и се слуша како да блокира десното тркало а не блокира. работата е што пластикава мислам дека е од поодамна одлепена а проблемот при кочење се јави много скоро пред 3-4 дена. ај ако знае и може некој нека помогне.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Помош!!!
« Одговори #1 на: 26 Септември 2011, 16:42:25 pm »
Обично е на штрафчиња, незнам, ако сакаш да лепиш нешто такво - само силикон...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Помош!!!
« Одговори #2 на: 26 Септември 2011, 17:10:46 pm »
Обично е на штрафчиња, незнам, ако сакаш да лепиш нешто такво - само силикон...
фала џиџи, а можно е тој звук што го слушам при кочење на поголеми брзини да не е од тоа што пластиката фаќа негде?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Помош!!!
« Одговори #3 на: 26 Септември 2011, 17:15:15 pm »
Обично е на штрафчиња, незнам, ако сакаш да лепиш нешто такво - само силикон...
фала џиџи, а можно е тој звук што го слушам при кочење на поголеми брзини да не е од тоа што пластиката фаќа негде?
Мрдни ја, и види дали фаќа некаде. А кој ти е тој звук како да блокира тркалото!? Кога блокира тркалото чкрипи гумата или тресе АБС, што се случува кај тебе?

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Помош!!!
« Одговори #4 на: 26 Септември 2011, 17:21:33 pm »
значи кочиш и слушаш како десното тркало да се подукочуе малку ама не постојано значи како да стега па да пушта, пропратено со звук не на чкрипење јако туку малку како да се подзалижува. интересно е што нема никакви чудни понашања и пореметувања во вожња туку само звукот си доаѓа.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Помош!!!
« Одговори #5 на: 26 Септември 2011, 17:33:02 pm »
Веројатно ти фаќа пластиката на гумата кога кочиш... Ако ти блокира тркало, веруј дека ќе имаш чудно понашање, и пореметување у вожња :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Помош!!!
« Одговори #6 на: 26 Септември 2011, 17:40:40 pm »
Веројатно ти фаќа пластиката на гумата кога кочиш... Ако ти блокира тркало, веруј дека ќе имаш чудно понашање, и пореметување у вожња :)
знам дека ќе заебава колата ако блокира, значи првиот пат кога го слушнав тој звук ај да речам се уплашив пошто на поголема брзина(120км/х) девојка ми до мене, да не напраам некоја глупост, а и рака на срце не е многу стабилно возило гетцот. поробав после едно 3-4 пати пак нит занесуваше нит чудно се понашаше. сега ми текна уште една работа, како да опипав уште една пластика позади таа на браникот ама поставена према хаубата. сепак треба да се легне под кола а мене тоа некако ме мрзи(не сакам време да најдам) :D сепак фала ви на помошта па ќе ви кажам што сум направил.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Помош!!!
« Одговори #7 на: 26 Септември 2011, 23:22:45 pm »
Во принцип пластичариве би требало да имаат специјални лепаци за пластика кој ги топи двете страни што сакаш да ги залепиш и не пушта тоа цел живот. Маршер мислам дека има цело име и презиме од некој човек таму.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Помош!!!
« Одговори #8 на: 02 Октомври 2011, 08:11:10 am »
A матичен број има? :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Помош!!!
« Одговори #9 на: 02 Октомври 2011, 10:44:15 am »
Незнам за која пластика станува збор, кај мене на Стилото пластичниот дел под крилото (поткрило) беше со штравови заштрафен за браникот. Еднаш кога менував сијалички, процедура која подразбира вадење преден браник и фарови, не ги ставив штрафовите кои го врзуваа потркилото со браникот. Се` беше ОК додека не излегов на автопат, и при 150 ми се јави чуден звук, ко` оној асфалтот што бучи кај карпалак. Кога застанав, имав што да видам :) Пола пластични поткрила ги немаше ;D
Дома убаво ги истримав со скалпел, и сега дури и полесно ми е менувањето сијалички - можам од под тркало да бутнам рака ;)

Можда скалпел крие решение и за твојот проблем? :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Помош!!!
« Одговори #10 на: 25 Октомври 2011, 14:29:00 pm »
викндов го решив проблемот кој што го имав. ја кренав колата на дизалица си легнав одоздола и што да видам милион пластики под браникот, шала на страна имаше 3-4 пластики кои што треба да бидат поврзани, а беа откачени. заштрафив 3 штрафчиња ставив малку силикон на краевите, каде што не можеше со штрафчиња и си завршив работа. сега лајсната убаво си е прикачена под браникот и го нема повеќе тој звук кој што се јавуваше над 80км/х. фала ви на сите што помогнавте.
edit: мислам дека темава може да се заклучи.