Почитувани мои софорумџии, многу долго време немаше напишано ништо на темата.
За жал сликите кои што беа аплоадирани веќе се заминати во вечни ловишта.
Нема никаква логика да ги пребарувам постовите и да ги презакачувам сликите.
Елантрата е дадена на продажба, капарисана е од новиот сопственик.
Во моментот има направено редовен сервис и поминати се некои 30тина километри, има полн резервоар со бензин и е регистрирана до следната година ова време.
Пред да го замолам админот да ја заклучи темата, би кажал збор два за некои работи за кои што не сум оставил запис бидејќи што ради немање време, што ради лични причини.
Елантрата за овие 7 години помина 28 300 и нешто ситно километри. Можам само да кажам дека возилото беше одлично, и остана се разбира. Никаква интервенција, никаков проблем. 95% од километрите се прошетани на отворен пат, останатите во градски услови. Од почетокот на пандемијата, односно од 2020 март месец до сега се поминати некои 2000 км, заради службено возило кое го користам како споствено, плус купено ново Пежо 2008 ГТ.
Навистина е греота да стои во гаража. Го капариса семејство со мало детенце кое што верувам дека навистина ке ја изнавози колата бидејки јас ја возев во рамки на можностите и потребите.
Со оглед на тоа дека повторно имам ново возило, модификации, преправки, додавки се невозможни да речам, но затоа од друга страна на Спаркот можам да си играм колку сакам
Па и на службената на која што веќе направив некои ситни интервенции кои можеби ако имам време ке ги споделам
Се читаме во други теми.
Може G LOCK