Автор Тема: Масло за менувач  (Прочитано 1726 пати)

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Масло за менувач
« на: 14 Февруари 2015, 00:19:48 am »
Ме интересира какво масло оди во менувач за Пежо 406 1.9TD 1998год? Некаде во некој каталог прочитав дека оди 75W80, па ме интересира ваше мислење. Исто така видов и дека количински треба да има 1.9L, па дали би било проблем ако му ставам 2L масло?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Масло за менувач
« Одговори #1 на: 14 Февруари 2015, 00:26:15 am »
Не можеш да му ставиш повече одошто собира, ќе се прелее и истече :)

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Масло за менувач
« Одговори #2 на: 14 Февруари 2015, 00:30:40 am »
Штопната од каде што се долева е од левата страна и за да ја отворам ја кревам колата на дигалка, го вадам левото тркало и колата така е навалена што најверојатно за 100ml нема да се прелее. Затоа и прашав дали би имало проблем ако има повеќе масло  :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Масло за менувач
« Одговори #3 на: 14 Февруари 2015, 01:22:10 am »
Можно е,не е голема количина која би ја ставил плус ама па не добиваш ништо со тоа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Масло за менувач
« Одговори #4 на: 14 Февруари 2015, 11:38:09 am »
Може да пробие на семеринг и да ја замасти ламелата. Не ставај повеќе масло во менувачот. Колата изнивелирана и дур не прелее штопната.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Масло за менувач
« Одговори #5 на: 14 Февруари 2015, 17:15:37 pm »
Симо е 100% во право.
И само да додадам дека ако ставиш друго масло од она препорачаното, односно 75W80 не си свесен какви све проблеми можеш да си направиш. Тие возила си бараат точна градација на масло за менувач.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Масло за менувач
« Одговори #6 на: 14 Февруари 2015, 19:25:20 pm »
Фала ви за советите, а дали некој може да ми ја потврди информацијата за дали оди тоа масло , да провери во некој каталог или слично? Не најдов повеќе информации на интернет...  ::)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Масло за менувач
« Одговори #7 на: 14 Февруари 2015, 19:29:26 pm »
Пиши ја точната ознака на моторот.
Или по број на шасија е најточно тоа што ке се најде.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Масло за менувач
« Одговори #8 на: 14 Февруари 2015, 20:11:41 pm »
Еве најдов во каталог спрема бројот на мотор,тип и година: API GL-5, SAE 75W90 semi-synthetic transmission fluid, 2 liters  :D
Еве и линк, може ќе му се најде на некој, има информации за сите потрошни материјали за скоро сите возила.
http://cararac.com/gear_oil/peugeot/406.html
« Последно менување: 14 Февруари 2015, 20:22:44 pm Sans »