Јас имам скроз позитивно искуство со Сонакс средството за клима. Само стави го пред да смениш филтер за кабина, по некоја логика ѓубрето што ќе го откачи/исчисти ќе се собере во филтерот.
По мое, погрешна логика. Не ги бутка нечистотиите, туку ги неутрализира.
Јас правам вака - вадам полен филтерот, усисувам во и околу куќиштето, дувам во отворите за вентилација со компресор (од горе за надоле да оди), пак усисувам доле во куќиштето на филтерот и околу, усисувам надвор, на теписонот и пластиките, ја пуштам бомбата без филтер, издувува, чекам 10-15 минути да се излуфтира, па тек ондак ставам нов филтер.
Проверено, пробано, најдобар метод.
@zeroSignal Кога се пушта спрејот, дали мора вентилацијата да се вклучи на рециркулација (за поголем ефект) ? Не ми работи рециркулацијата па не знам дали би имало логика така да пробам.
Рециркулација ти е задолжително.