Автор Тема: Problem so klima  (Прочитано 204352 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Problem so klima
« Одговори #885 на: 14 Мај 2020, 14:02:27 pm »
Нека ги проверат гумиците на спојките каде што влегуваат цревата во ладникот,при промена на температура знаат минимално да пуштаат.Метал/ладник ако се дупне одма дише климата,исто и семерингот на компресорот.Мој совет е прво гумици на спојките да смениш,бидејќи ако ставиш нов ладник секако тие ќе бидат нови.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Problem so klima
« Одговори #886 на: 15 Мај 2020, 07:41:26 am »
Наполни ја климата и боја нека турат (или што и да ставаат во неа) и терај си го летото. Оди во Септември Октомври на проверка/поправање, нема гужва.

Сега само ќе ти ја држат колата и не се знае дали ќе ја проверат или поправат како што треба. Главта му чади сега на овие со климите, посебно сега од ко појачаа температурите.

Отсутен DMirceski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 200
Проблем термопрекидач
« Одговори #887 на: 21 Мај 2020, 23:31:52 pm »
Термопрекидачот затајува и касно се фклучува климата.решение некој да знае да имал сл.проблем
сеат 1.4тди 2005
« Последно менување: 22 Мај 2020, 21:41:47 pm DMirceski »
Good Year

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Дезинфекција на вентилација (направи сам)
« Одговори #888 на: 31 Мај 2020, 13:20:44 pm »
Здраво клабери,

Верувам сите сте имале проблем со лош мирис од климата и вентилацијата воопшто. Инспириран од советот на @Drive-r со некоја „надградба“ решив да споделам како помина тој експеримент кај мене.
Доколку се прашувате „шо замара сеа овој, има таков спреј за 300 ден“ мое е да ви кажам дека резидуалот од пената остава како маснотија низ вентилацијата. Бар од мое искуство.


Успешно, се разбира, инаку немаше да пишувам сега ;D

Што ви е потребно:
1. Дезентал 5% (концентрат) 20-30 мл
2. Шприц, по можност од 20 мл за да не мора да го надополнувате често.
3. Во аптека ќе побарате „систем црево“ чини 15 денари
4. Наважното, нов филтер за клима.

1. Најпрвин го вадите стариот филтер за клима и убаво усисувате со некој додаток во делот каде што стои. Внимавајте да не има некои алуминиумски решетки за ладење, да не ги оштетите. Ако имате компресор/можност за дување на правосмукалката искористете го тоа и дувајте во сите вентилациони отвори.
2. Потоа го земате систем цревото, го сечете на краевите од додатоците што се со него, едниот крај го превиткувате да биде како буквата U само во хоризонтала, и со некоја жичка убаво го стегате за да не може да протекува од таму. Со иглата од систем цревото правите 4 дупчиња како во круг. За проба да имате претстава со која сила треба да стискате на шприцот, наполнете го и правете симулација, нормално не на колата. Без гајле, иако цревото во дијаметар е колку врвот на шприцот, влегува. Ставете некакви наочари бидејќи концентратот не е добар за очите ако случајно си шприцнете.
3. Откако го пробавте чекор 2, наполнете го шприцот и цревото и терајте низ отворите и лежиштето на клима филтерот, тука пожелно е да ставите некое старо крпче под истиот за да не ви прокапе на патосниците.
4. Наместете ја вентилацијата на најслабо, внатрешна циркулација и греење, затворете ја колата и оставете ја да работи едно 20 минути. НИКАКО не седете внатре.
5. Отворете врати, почекајте минута да се проветрее и оставете ја колата да отстои вечерта. Ако имате двор, можете и прозорите да ги потспуштите 2-3 цм.
6. Следниот ден ставете го новиот филтер.

Тоа е тоа, минимален мирис ќе има уште ден два.

НЕ ПРЕВЗЕМАМ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ, ПРЕД ДА КОРИСТИТЕ ДЕЗЕНТАЛ ПРОЧИТАЈТЕ ЗА НЕСАКАНИ ДЕЈСТВИЈА.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Problem so klima
« Одговори #889 на: 31 Мај 2020, 15:22:01 pm »
Јас ипак планирам да позајмам профи чистач на пареа од другарче, па така да ги исчистам.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Problem so klima
« Одговори #890 на: 31 Мај 2020, 15:43:09 pm »
Јас не би си играл со пареа. Најпрвин неможе толку да продре, потоа вода е, трето можеш нешто беља да направиш.
За седишта, теписони да, само внимавај да не го изгориш сунгерот и кај аибезите.
Дезенталот е антивирусен, антибактериски и антифугициден. Си пишува на него.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Problem so klima
« Одговори #891 на: 31 Мај 2020, 18:15:59 pm »
Интересен зафат е ова, можеби вреди човек да проба да се занимава. Јас го користев тоа чудото во мало конзервиче на Сонакс еднаш, и фино си заврши работа.

Според мене, клучно е веднаш после каков и да е зафат, да се смени филтерот. Да изврти тоа што ќе изврти, да се извади стариот филтер во кој е собрано ѓубрето и да се смени со нов. Тоа е тоа.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Problem so klima
« Одговори #892 на: 31 Мај 2020, 19:11:21 pm »
Јас мислам дека е најубаво да си земете чистач за клима од фурт и крај 😁

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Problem so klima
« Одговори #893 на: 31 Мај 2020, 21:45:36 pm »
koj cistac? @dame

Отсутен CarFanatic

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Problem so klima
« Одговори #894 на: 14 Јуни 2020, 09:35:48 am »
Незнам дали имало вакво прашање предходно бидејќи има 60 страни и ме мрзи сите да ги читам. Моето прашање е следно: возам Hyundai i30 1.6 crdi 2009 меѓутоа кога возам од климата дува како да е ставена на кец иако е исклучена,, ако е наместена на ладно, ладно ке дува ако е топло, топло ке дува, дали го има некој истиот проблем и ако знае да ми каже што може да биде. Фала однапред.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Problem so klima
« Одговори #895 на: 14 Јуни 2020, 09:42:48 am »
Незнам дали имало вакво прашање предходно бидејќи има 60 страни и ме мрзи сите да ги читам. Моето прашање е следно: возам Hyundai i30 1.6 crdi 2009 меѓутоа кога возам од климата дува како да е ставена на кец иако е исклучена,, ако е наместена на ладно, ладно ке дува ако е топло, топло ке дува, дали го има некој истиот проблем и ако знае да ми каже што може да биде. Фала однапред.
Некои коли (повеќето), без разлика на тоа што вентилаторот е на 0, го активираат на прва брзина во моментот кога ќе ја уклучиш климата. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Problem so klima
« Одговори #896 на: 15 Јуни 2020, 07:28:00 am »
Од самото возење воздухот слободно влегува во кабината, колку побрзо возиш толку повеќе влегува. Ако сакаш да не влеува воздух, на внатрешна рециркулација ќе ја наместиш.

Ова важи само ако твојот случај не е како Симо што ти вика.

Отсутен KORUN

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
  • Wanna play a game...?
Одг: Problem so klima
« Одговори #897 на: 25 Јуни 2020, 17:10:42 pm »
На Audi A6 C6, кога возам со клима, се случува (ретко) едната страна да почне ептен топло да дува, секогаш на истата страна се случува ова, дека двозонска клима.
Quick Fix е да застанам, да ја исклучам колата и да ја запалам пак. Може да го снема целосно со денови, а може и да се врати за пола саат истиот проблем.

Некој механичар што би го решил овој проблем?

Наидов на еден одличен туторијал и сум скоро сигурен дека вака би се средило, ама прво би одел со попрофесионална помош.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Problem so klima
« Одговори #898 на: 30 Јуни 2020, 22:29:18 pm »
Decki ajde nabrzinka edno prasanje. Moze ( najverojatno )  malku glupo ke deluva ama jbg. Se raboti za klimata na dusterot. Mi deluva deka duva i ladi poslabo vo sporedba so drugi vozila. Vo konkretniot slucaj pravam sporedba so drugoto vozilo sto go imam doma, kia picanto i tamu e znacitelno poladno ladenjeto na klimata. Voj problem go imam od samiot pocetok. Proverena e klimata mnogu pati od poveke serviseri i od site navodno e konstatirano deka so klimata se si e ok, kompresorot raboti super, freon ne fali, i deka ednostavno tolku e od majka. Na moe prasanje kako vo poevtino vozilo pravi grc ladno a vo poskapo vozilo moze da ne uspeva tolku da izladi, mi imaat odgovoreno deka golema uloga igra i bojata na kolata ( crna nasprema zolta ), goleminata na prostorot vnatre koj sto se ladi, a i toa deka iako e poevtino vozilo moze da ima staveno pojak/pomoken kompresor otkolku na dusterot. Znaci da se razbereme ne deka klimata ne ladi i se potis vnatre vo voziloto tuku...hmm kako da objasnam. Primer vo picantoto na 2ka pustena nemozes da ja trpis podolgo od 15 min ukl klimata, a na dusterot na 2ka pustena mozes komotno da se vozis i 1h bez da ja isklucis. Nekoj drug so slicen problem? Resenie? Vi blagodaram  ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Problem so klima
« Одговори #899 на: 30 Јуни 2020, 22:59:00 pm »
Полен филтерот?