Такси да фатиш? Или да не сакаш да ти дојде мајсторот пред зграда да ти ја среди?
Јас за добар мајстор ја носам колата од аеродром во геге. Ако сакаш да се снајдеш, ќе се снајдеш за превоз.
Многу распекмезени сте вие во Скопјето...
Не ми е поентата да се расправам и да се надмудруваме на оваа тема, еве во мојата ситуација барам некој поблиску оти: немам време да губам 3-4 саати до Маџари и назад, немам со што (во такси не ми се влегува, се вакцинирав пред неполни 8 денови со прва доза и по правило треба да внимавам најмногу во следните месец дена).
Али ако одиме како треба да биде, тогаш мајсторот треба да си работи со термини за закажување и истите да бидат прецизни оти и моето време кошта, а не само неговото. Вака скоро сите се научени остави го возилото и барај си чаре ти 2+ денови дури и за мали дефекти.
На крај дури и да не платам за услуга некој да го донесе делот кај него + да ми биде дедициран за мене 2-3 часови, парите ќе ги фрлам по такси и услуги од пријатели со тоа што ќе ми го држи возилото кај него.
Треба да биде: одиш таму, си чекаш или шеташ наоколу 2-3 часови колку што треба да се направи (освен апла големи дефекти, скоро се може да се среди во 2-3 часови), си плаќаш и си одиш дома, ама знам дека ако отидам во 1h терминот е мој, а не на некој пријател или пак од фирмите што ги одржува и му носат 50 возила месечно.
Ако станува збор за дел кој го нема на лагер во продавница, а возилото како во овој случај се движи: го нарачуваме делот, одам другиот ден и го монтираме.
Од Мичурин сум носел возило и во Бутел кај мајстор што демек поправа француски возила, ама станувше збор за посериозен дефект.
Благодарам на тие што ќе дадат предлог, без да ми се курчат и да ми солат памет како требало да ми дојде механичарот дома или како ми било тешко да го однесам возилото до таму.