Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 76394 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #180 на: 21 Февруари 2015, 11:08:38 am »
205 гума би требало да стои тамам на 7,5ј бандаш. 205/2,54=8 цола. Што значи гумата ќе биде за 0,5 цола поширока од бандашот. Со други зборови би дошла таман. Само ме копка како ќе шета бандашот под крилото да не ми зафаќа негде. Како што кажав претходно 7ј (цола) е нај широкиот бандаш што фабрички го препорачуваат на Фиеста на 17" бандаши што по некоја логика 7,5ј на 16 бандаш би можело да помине без проблем.
« Последно менување: 21 Февруари 2015, 11:15:30 am zlatkoa »

Отсутен Ichisima

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 169
  • Ербап
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #181 на: 21 Февруари 2015, 11:26:48 am »
Истиве ги гледав и му се јавив на човекот, ама ме превари. Со здравје да си ги возиш  ;D

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #182 на: 21 Февруари 2015, 11:51:20 am »
Честито, со здравје да си ги тркалаш, поубав бандаж и да си сакал не си можел да најдеш од овој ;D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #183 на: 21 Февруари 2015, 12:06:07 pm »
Ќе ги префарбуваш пред да ги монтираш или не? Као што гледам не се нешто многу оштетени ама јас би ги префарбал, да л'штат! :D Исто така би пошол до кај Борче да ги провери да не се криви.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #184 на: 21 Февруари 2015, 12:11:28 pm »
прва боја на ваков бандаш не се чепка освен ако не е ептен утепана,а за исправање може кај глигори да ги сврти еден круг,зошто борче е х3 поскап а не е ништо подобар

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #185 на: 21 Февруари 2015, 14:23:31 pm »
Честитки, убав бандаж но, како што кажуваш што димензија на гума ќе ставиш, мислам дека ќе имаш мнооогу простор помеѓу крилото и гумата за кое истото да не биде така ќе си побара и спуштање колата.Според мене не е страшно ама нема да изгледа нај нај.Спиралчиња мислам дека ќе завршат голема работа :)
И да, проверка посекако да им направиш, и јас ти го препорачувам Глигориј, убаво искуство имам со него, човекот е махер.
пс: за да видиш гумите како ќе стојат на широчината на бандажот, еве ти страна ваљда ќе ти помогне http://www.tyrestretch.com/

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #186 на: 21 Февруари 2015, 14:26:31 pm »
Кој е Глигориј? Тој кај канал 5 шо зборевте дека бил терсене чоек?  :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #187 на: 21 Февруари 2015, 17:00:56 pm »
Честитки, убав бандаж но, како што кажуваш што димензија на гума ќе ставиш, мислам дека ќе имаш мнооогу простор помеѓу крилото и гумата за кое истото да не биде така ќе си побара и спуштање колата.Според мене не е страшно ама нема да изгледа нај нај.Спиралчиња мислам дека ќе завршат голема работа :)
И да, проверка посекако да им направиш, и јас ти го препорачувам Глигориј, убаво искуство имам со него, човекот е махер.
пс: за да видиш гумите како ќе стојат на широчината на бандажот, еве ти страна ваљда ќе ти помогне http://www.tyrestretch.com/

Фала за линкот Зоки. Еве уште еден линк каде што може да споредиш според колку новиот бандаш и гума ќе ти влијаат врз геометријата на тркалото. Исто така може да видиш дали гумата ќе се растегне или не. ПЛУС имаш и графички приказ како ќе изгледа новиот бандаш и гума споредено со старите во пресек.

http://goo.gl/GLXGHZ

Изгледа дека 205/45 на 7,5ј 16" бандаш ќе биде маааааалку оптегната. 215/45 на око ќе изгледа најубаво ама ќе се јави 4,98% разлика на брзинометарот (успорување).

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #188 на: 21 Февруари 2015, 17:01:59 pm »
Се штелува брзинометарот. На 100-ка ќе покажува 96км/х. Со 205-ките 97.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #189 на: 21 Февруари 2015, 18:01:48 pm »
Мислам дека сепак ќе барам 205/45r16 гуми бидејќи имаат понормална цена за разлика од 215/45r16. Разликата во изгледот не е многу огромна, ама во цената ептен се разликуваат. Плус 215 гума за Фиеста е некако премногу.

205/45r16 намонтирани на 7,5ј бандаш изгледаат вака:


215/45r16 намонтирани на 7,5ј бандаш изгледаат вака:



Шематски во пресек би дошло нешто вака:

Зелената линија го означува габаритот на бандашот, црната линија е пневматикот
205/45 (лева слика)                                                          215/45 (десна слика)
« Последно менување: 21 Февруари 2015, 18:07:45 pm zlatkoa »

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #190 на: 21 Февруари 2015, 18:18:11 pm »
Мислам дека сепак ќе барам 205/45r16 гуми бидејќи имаат понормална цена за разлика од 215/45r16. Разликата во изгледот не е многу огромна, ама во цената ептен се разликуваат. Плус 215 гума за Фиеста е некако премногу.



Не, 215/45 имаат НЕнормална цена :D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #191 на: 21 Февруари 2015, 18:47:00 pm »
Браво за бандажов, одличен избор си направил, е сеа малце ќе се замраш со математики и како би изгледало со каква гума, али се е тоа слатка мука :D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16709
  • Keep it 100
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #192 на: 21 Февруари 2015, 18:50:13 pm »
Мислам дека со 205ките ќе си дојде баш како што треба

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #193 на: 25 Февруари 2015, 21:13:05 pm »
205, немој 215ки на фиеста. И 195ките личат широки а камо ли уште поголеми.

За спиралите кога ти е закажано?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #194 на: 25 Февруари 2015, 21:42:19 pm »
Да ги монтирам прво бандашите. Малку ме јаде што се 7,5ј широки да не ми гребе гума по каросерија. Фабрички препорачуваат максимум 7ј. Ако легнат бандашите, спирали на есен, ама бидејќи женами ја вози повеќе од мене и не се замара многу ќе ги среди бандашите за 3 дена и ќе ми испари ќеифот за спирали.