http://www.carclub.mk/2014/12/09/test-ford-kuga-2-0-tdci-titanium-4x4-globalen-natprevaruvac/Малку не ни се погоди времето за сликање, ама тоа е тоа.
Многу пријатно ме изненади Кугата. Летоска ја возев со 1.6-литарски EcoBoost бензинец и ме остави тотално underwhelmed, иако и таа беше солидно опремена. Дизелчето многу повеќе одговара на карактерот на колата. Фини материјали во ентериерот, дефинитивно скалило погоре од она што сум навикнат да го очекувам кај Ford.
Супер е централното дисплејче што покажува и моментална и просечна потрошувачка. За толку голема кола, трошеше околу 8 низ град, што е сосема задоволително. Многу простор внатре, логично распоредени работи.
Визуелно не ми се свиѓа толку као претходниот модел, ама си изгледа сосема пристојно.
Многу позитивни импресии. Вери најс.
EDIT: 30-ти тест на Карклуб оваа година!