Кратко упатство како да си го стокмите индикаторот со сијаличките за плин:
Секој уред има подесување на индикаторите преку софтверот. Кај Lovato изгледа отприлика вака:
Бираме Gas level indicator, има наведено неколку стандардни, и имаме Non-Standard, каде ни` дозволува кастм внесување на бројки (поточно омската вредност на сензорот за ниво), за секоја диода посебно.
Имаме резерва, прва сијаличка (1/4 танк), втора сијаличка (2/4 или 1/2 танк) и 3/4 танк.
Имаме и уште една бројка од страна, која ни` ја покажува моменталната вредност на мерачот во оми.
Соодветно на тоа, кога е боцата полна треба да светат 4 зелени сијалички, а кога е на резева, треба да сети само црвената сијаличка.
Пошто јас си ја знам мојата боца, и кога имам колку гориво (од 2011, и 80-тина илјади километри до сега), можев доста лесно да ја подесам со едно полнење. Но за „новајлии“ препорачувам друг принцип.
Прво неколку пати да се наполни боцата до крај, и да се испразни до крај, значи цедење до даска, и возење до плинара на бензин Така единствено ќе дознаете точно колку литри може максимум да се натанка во боцата.
Откако ќе утврдиме колку максимум литри собира, може да си ја испразниме (до даске) и да почнеме со малтретирање на чоекот што ни` го монтирал плинот:)
Пример, боцата собира максимум 52 литри плин. 1/2 резервоар е 26л, 1/4 резервоар е 13л, 3/4 резервоар е 39л плин.
Со сервисерот и неговата дијагностика на лаптоп директ на плинара.
Полните 13л, причекувате малку да се стабилизира пловакот, ја запишувате вредноста од „level“ во полето за 1/4,
продолжувате со уште 13л, па вредноста ја внесувате во полето 2/4, и уште 13л за во полето 3/4.
Резервата ја запишувате произволно, ама да биде помала од вредноста за 1/4 резервоар.
И тоа е тоа. Треба малку трткање, ама тоа е единствен начин прецизно да се подеси индикаторот за плин.