Автор Тема: Губење на антифриз пежо 207  (Прочитано 3343 пати)

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Губење на антифриз пежо 207
« на: 24 Ноември 2014, 13:28:51 pm »
Добар ден луѓе.. Би сакал да прашам дали му се има случено на некој да губи антифриз а притоа да нема дупнатини на пластиката за антифриз што е и притоа сите црева се сменети и нема протекување. Едноставно антифризот го снемува за месец дена. Инаку колата е пежо 207 1.4 бензинец на плин. Плинот е местен во плимонт..

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #1 на: 24 Ноември 2014, 13:33:31 pm »
А низ ауспух каков чад излегува ? Температурата како се движи, загрева или нормално си стои сказалката како што треба ? Ти има ли некогаш температурата отидено над нормалното, прилично високо отидено ?
Провери и на капачката од каде се става уље во моторот како и на шипката на која се проверува нивото на истото, ако има како налик на мајонез, ондак можно е дихтунг на глава.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #2 на: 24 Ноември 2014, 13:34:08 pm »
Куќиште за термостат проверено е?

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #3 на: 24 Ноември 2014, 16:36:09 pm »
Temperaturata skoro i da ne se diga. Mislam nivoto na antifriz mi ima ideno skroz do dolu a temperaturata si e ista odnosno do 90 stepeni. Inaku proveriv niz auspuh nisto posebno ne izlaga, samu malku na pocetok ko vodicka isfrla ama nisto povekje. Za uljeto go imam gledano sekogas e nesho do max i nema bash nekoja smesa ko majonez.  A sto e za kukjiste za termostat go nemam provereno. Ne sum bash po popravka na avtomobilite pa ako moze na kratko da mi objasnis dali i kako mozam da proveram ? Blagodaram odnapred.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #4 на: 24 Ноември 2014, 23:52:38 pm »
чим на палење фрла водичка низ ауспух можно е да е тоа кондензат од топло-ладно башка на плин се вози нели, меѓутоа, можно е и преку ноќ да навлегува по малку антифриз во некој цилиндар па низ ауспух го исфрла...


кажи ми, дали кога ке ја запалиш на ладно одсабајле, има 2-3 секунди како минимално трокирање? онака подзатресува малку моторот и после се оправа како ништо да не било?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #5 на: 24 Ноември 2014, 23:56:47 pm »
Aко лизга антифриз во цилиндарот тогаш на палење ке прави облак, ке заверглува малку подолго за да запали итн... Мислам дека можно е да му лизга од некоја стега или евентуално од внатрешниот радиатор за парно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #6 на: 25 Ноември 2014, 00:02:13 am »
јас сум возел кола која губела по 250-300 грама антифриз на дневна база... од нигде не течеше, свесен бев дека иде во цилиндар. секоа палење ке пљукне вода надвор и ништо поише... инаку сигурен сум дек баш на запалување нема да прави облак.. збориме за на ладно... ни прв ни последен ке биде што тоа му се случува. само ке го истресе-избутка антифризот во ауспух и после како загрева, полека полека ке го испари-исуши... можно е одвреме навреме во место кога работи да појави како облаче некое, ама со оглед на тоа дека вели за 1 месец му го празни, значи многу малку му излага надвор...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #7 на: 25 Ноември 2014, 00:06:32 am »
Ваљда на водата што ја исфрла мислеше на тие нколку капки што се производ на кондензацијата од топло - ладно. Сепак педерски дефект е ова, другар кога ке ја паркираш од возење земи стави еден картон одоздоле и после 2-3 саати види дали има нешто антифриз на него.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #8 на: 25 Ноември 2014, 00:09:55 am »
можи и да испарува во возење од кај капачето, сепак пежо е и знај да појави педерски дефекти, еве денес купвав капаче јас ради истата работа, предходниот викенд менував ладњаче за парно(течеше од него) и сигурен сум дека не течи од нигде а пак ми губеше вода. втор пат му се дешава вака на моето од капачето да драпа.

е сега можи да тресам глупост оти незнам како е на 207 изведено, кај мене капачето е на ладњакот.

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #9 на: 25 Ноември 2014, 14:32:17 pm »
Инаку ја приметив колата кога ке ја запалам се е во ред. Но после 4- 5 минути почнува да се гуши односно онака како ауспухот да е полн со нешто и дава звук на пуцкање. При стискање на гас има како гушење во моторот. после некое време возење се опорава ситуацијата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #10 на: 25 Ноември 2014, 15:02:23 pm »
Aко лизга антифриз во цилиндарот тогаш на палење ке прави облак, ке заверглува малку подолго за да запали итн... Мислам дека можно е да му лизга од некоја стега или евентуално од внатрешниот радиатор за парно.
Честа појава кај коливе со плински уреди. Ни ја не можам да се опраам со тоа стегите и тештиховите неквалитетни од плинаџииве...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #11 на: 26 Ноември 2014, 13:07:20 pm »
кажи ми, дали кога ке ја запалиш на ладно одсабајле, има 2-3 секунди како минимално трокирање? онака подзатресува малку моторот и после се оправа како ништо да не било?

Онак, и кај мене губи антифриз од време на време и мислам дека го имам ова со затресувањето. Што може да му е маката?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #12 на: 26 Ноември 2014, 19:13:23 pm »
тоа значи (во 90% од ситуациите) дека навлегува антифриз во еден цилндар. одсабајле кога ја палиш, тој клип не работи тие неколку секунди додека не го исфрли антифризот во ауспух, па ке си проработи... и ако е некоја мала количина нема ни да приметиш дека влегло вода во цилиндар односно на ауспух нема да видиш баш некоја голема пареа... и ако воопшто ја видиш, тоа ке биде после 2-3 минути ама ако работи во место.. а обично после палење, после 15-20 секунди више сите тргаат или некако додаваат гас па макар и во место и затоа не се примтува тој момент кога испарува антифризот. а осетно е намалувањето на антифриз во резервоарчето за него...

пред да ја прифатите оваа теорија како дијагноза, прво проверете дали од некаде губи антифриз возилото... црева, стеги, пумпа, термостат, термопрекидач, ладњак, казанче, капаче, радијаторчето од парното... ако тече се гледа... остава траги... прво тоа отклонете го како сомнеж па после прифатете го ова како дефект... затоа што кратко затрокирување може да биде и од полурасипана дизна, може и од електронскиот саух да иде тешко па полека отвора додека да дојде на ниво каде што моторот нема да тресе, може и од потрошени-стари свекици, може и разводна капа да кондензира ако нема дхтунче, може и преку некој вентил да прими некоја капка масло во цилиндар поради потрошени вентил гумици... значи има еден куп работи поради кои мотор може одсабајле на ладно да трокира по неколку секунди... има уште причини, ама да не навлегуваме толку многу...
« Последно менување: 26 Ноември 2014, 19:33:18 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #13 на: 26 Ноември 2014, 23:15:05 pm »
Фала многу на одговорот :)

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Одг: Губење на антифриз пежо 207
« Одговори #14 на: 27 Ноември 2014, 16:20:47 pm »
Фала многу Онак. Ке проверам како и да е ке морам да го носам на сервис пошо не ја бива работава да се купува антифриз на секои 3 недели :)