Точка 1 не знам да ти ја одговорам, веројатно даваат објаснување во некоја од првите епизоди зошто се решиле за Селика.
Точка 2 знам да ти ја одговорам: колата е првично дејли драјвер, и на оваа одлично закрпена шасија ќе се налепува едно чудо звучна изолација, ќе ги има сите модерни поволности внатре, како електрика на прозори, супер озвучување, ако забегаат може и софтверски џиџи миџи да ставаат како темпомати, и така натаму. Со тубуларна шасија огромен дел од местото во кое би се упасирале овие работи ќе го снема (ако не се лажам, цевките упаѓаат и внатре во ентериерот и прават гужва). Уште еден факт е што и тубуларната шасија ќе ја изделкаа, и џабе ќе им беа фрлените пари.
Ова е мое гледање на работите, не мора да е точно. Ја повеќе преферирам да гледам ваква содржина, кај што по секоја цена избегнуваат off the shelf решенија само за да успеат да задржат нај-stock изглед според можностите.