Автор Тема: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин  (Прочитано 4114 пати)

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #15 на: 20 Октомври 2014, 10:10:17 am »
@ARMEX: Уште не, бев викендов на мајстор и ми ја стави на компјутер, рече дека според него најверојатно бил сензорот на радилица, ама морам пак да појдам за некој ден да бил сигурен.
Сабајлево пошто е малку поладно верглав како пијан на брава :(   После 3-4 обиди запали.
Некоја нова сугестија?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #16 на: 20 Октомври 2014, 21:39:32 pm »
не е сензор на радилица... ако е сензорот отиден нема да запали никако, или кога ке запали ке трокира... чим на плин кога ке префрли, одма се подобрува, друг е проблемот...

-проба ли на бензин да го извозиш 100-150 километри?

-проба ли на плин директно да го запалиш?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #17 на: 20 Октомври 2014, 21:43:13 pm »

-проба ли на плин директно да го запалиш?

Здраво пак!

Пробав 5 секунди контакт, па исклучив, па пак 5 секунди контакт, па пробав да ја запалам и не сакаше да запали. После тоа испробав друго - пробав да ја запалам директно на плин и запали веднаш (а обично и второто палење на бензин сакаше повеќе верглање). Штом беше запалена, после 5 секунди ја свртев на бензин и ја изгуби силата на работата и за малку ќе згаснеше.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #18 на: 20 Октомври 2014, 21:53:02 pm »
Јас го имав сосем истиот проблем и проблемот беше во бензинската мапа.
Чарето беше во тоа да требаше неколку дена да возам само на бензин за компјутерот да не ги заборава бензинските мапи. Требаше да почекам да се потроши плинот. Кога се потроши плинот, возев два дена само на бензин и проблемот го снема еве веќе година дена може.

Бензинската и плинската мапа не ни смее да се исти. Твоиве симптоми се идентични како моите, но плинскиот уред е различен. Пробај па види што ќе се случи.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #19 на: 20 Октомври 2014, 22:15:13 pm »
јас го советував пред некое време, во претходната страна, да извози само на бензин ама не напиша што направил...

и немора да чека плинот да се потроши... едноставно, на дугме изгаси го линот и вози на бензин... еднаш кога ке го изгасиш, памти дека е тоа твој избор се додека пак не кликнеш на копчето и не го вратиш на плин...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #20 на: 20 Октомври 2014, 22:20:26 pm »
Мислам дека мора плинот да се потроши, за еплинскиот компјутер сосем (или слично) да се изгаси/стенд бај

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #21 на: 20 Октомври 2014, 22:28:48 pm »
па затвори вентил на боцата... многу поедноставно е одошто да чекаш да потрошиш цела боца. мада мислам (всушност сигурен сум) дека нема врска тоа, затоа што мапите за на бензин се во бензинскиот компјутер, а плинскиот компјутер чита податоци од бензиснките дизни. кога плинскиот компјутер ке префрил на бензин, само го враќа во состојба моторот, како што бил пред да се тури плин, односно, кога работи на плин, го лаже бензинскиот компјутер дека работи на бензин...

проблемот доаѓа од мерењето на издувните гасови, со2 емисијата, раб. температура и еден куп други глупости, кои новите генерации на бензински компјутери ги пореметуваат, затоа што се слеф лрнинг системи... а нај главниот проблем за отчитување на бензинската мапа е затоа што истата е ресетирана додека е местен плинскиот уред... скоро секое возило, поради безбедност на истото, има минимум неколку саати откачен акумулатор додека се вградува уредот и поврзува, па сите податоци се бришат т.е. ресетираат.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #22 на: 21 Октомври 2014, 10:44:31 am »
Вчера пак бев на механичар, и ми ги избриша параметрите од компјутерот (издувни гасови, со2 емисија, раб. температура итн итн.), па сабајлево на прва ми запали, ама со многу верглање.
Инаку, не сум извозив 150км на бензин, само 30-тина (мислев барем малку ќе даде знак на подобрување), се заебав.

Епа вака сега, ова ми е планот:
1. денеска секако ќе ја исчистам клапната
2. ќе го потрошам скроз плинот (не знам само дали да чекам самото да се префрли штом снема плин, или доволно е штом почне да свири да го префрлам?)
3. ќе возам 150 километри на бензин (за брзо ќе биде)

Ќе пишам штoм средам со ова.

Фала ви момци!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #23 на: 21 Октомври 2014, 16:57:44 pm »
2. Чим почне да свири значи веќе е префрлено на бензин така да нема што тука двосмислено.
3. Не мора да возиш 150 километри. Вози 5 пати по 5 километри. Битни се циклусите на палење, возење и гасење, нема потреба да бидат многу долги. Да не бидам сфатен погрешно. Мене фака ми беше тоа објаснето, така направив и го решив проблемот. Мојот уред е Ланди Ренцо Ево

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #24 на: 24 Октомври 2014, 13:07:34 pm »
Извозив 70-тина километри на бензин, на 5-6 возења, ова абер нема да се подобри, дури и полошо е пошто е поладно. Сега со 4-5 тури верглања морам за да запали.
Ловато ми е уредот, друга логика е од Лани Ренцо изгледа. Башка А Класа како што може да се расипе, никоја не може :(

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #25 на: 24 Октомври 2014, 13:39:46 pm »
Skrce a da ides do kaj Marsher toj da vidi sto e problemot?

Ova e negoviot podforum ali ne e aktiven nekoe vreme
http://forum.carclub.mk/index.php/board,19.0.html

trki do kaj nego toj sigurno ke otkrie sto e problemot

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #26 на: 13 Ноември 2014, 09:00:04 am »
Еве ме пак, проблемот најверојатно е среден, не можам да гарантирам пошто не е многу ладно наутро. Секојпат си пали од прва сега, со малку повеќе верглање отколку од загреана кога е.

Последните работи што ги направив беа:
1. Ја исчистив клапната (тешко дека тоа беше проблемот, иако беше валкана)
2. Го потрошив бензинот целосно (од Лукоил) и ставив нов од Макпетрол (не знам кој е полош ама ајде)
3. Извозив нови 100-тина километри исклучиво на бензин.

Фала ви момци!