Автор Тема: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин  (Прочитано 4053 пати)

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Здраво на сите!

Се работи за Мерцедес А Класа од 1999 година, модел А160, бензин со вграден плински уред.

Имам проблем со палењето на ладен мотор, на прва ретко пали, ама најчесто на втор или трет обид (доколку температурата надвор е над 20 степени на прво пали со повеќе верглање). После тоа ако ја згаснам веднаш пали.

Ме маткаат по сервиси, сменив акумулатор, свеќици и филтер за гориво, ставив и адитив, ја возев само на бензин да не е нешто до плинот, ама ништо не помогна.
Последни сугестии ми се да ги проверам каблите за палење и да ја исчистам клапната за воздух, па ако не било тоа да одиме понатаму :)

Има некој искуство или идеја за ова, некој совет?

Фала!

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #1 на: 09 Октомври 2014, 15:32:46 pm »
После тоа ако ја згаснам веднаш пали.

после на плин ти пали или пак на бензин?

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #2 на: 09 Октомври 2014, 15:52:56 pm »
Секогаш пали на бензин, после се префрла.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #3 на: 09 Октомври 2014, 22:58:30 pm »
а пред да завергалш, дади контакт, почекај 5-6 секунди па верглај... би требало бензинската пумпа да надрука доволно притисок... ова што го кажуваш е некако како мањак со гориво... значи ако веке чекаш, тогаш пробај дади контакт, после 5 секунди изгасни па пак дади контакт, пак чекај 5 секунди па верглај... ако од прва запали со овој тертип, тогаш дефинитивно е со доводот на гориво...

а се слуша ли пумпата кога ке дадеш контакт? на тој мерцедес резервоарот фаќа одприлика кај совозачот под нозе. акумулаторот е под твои нозе ако не се лажам... значи ако ја слушаш да врти, тогаш нај убаво да идеш кај некој мајстор да и измери притисок на пумпата... нај веројатно е ослабена... доста честа појава кај увезените мали мерцедеси од германиј и италија со пројдени “само“ 170.000 километри... во суштина бог знае колку ама испод 350-400 не е ниеден... после таа километража проблем со пумпа е нормален..

значи следи го она погоре што ти го објаснив па пробај и пиши што се десило...

позз
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #4 на: 09 Октомври 2014, 23:48:23 pm »
сензор за температура?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #5 на: 09 Октомври 2014, 23:53:48 pm »
1.
сензор за температура на колата?
2. Сензор за температура на плинот
3. МАФ/МАП
4. Клапна

Мислам дека после проверка и санација на точките по овој редослед ќе го решиш проблемот. А најверојатно е 1 или 2.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #6 на: 10 Октомври 2014, 03:05:58 am »
2. неможе да биде никако, бидејки тој сензор, не е во функција кога пали.. тој сензор е САМО И САМО за на плин кога работи.
4. исто така неможе да биде, бидејки малку повеке воздух нема да му пречи на ладен мотор. 1 и 3 се возможни...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #7 на: 10 Октомври 2014, 10:28:39 am »
Здраво пак!

Пробав 5 секунди контакт, па исклучив, па пак 5 секунди контакт, па пробав да ја запалам и не сакаше да запали. После тоа испробав друго - пробав да ја запалам директно на плин и запали веднаш (а обично и второто палење на бензин сакаше повеќе верглање). Штом беше запалена, после 5 секунди ја свртев на бензин и ја изгуби силата на работата и за малку ќе згаснеше. Ова на што ви личи? Не знам дали е доводот на гориво зезнат, бидејќи кога е потопло времето многу побрзо пали. А откако ќе ја запалам, наредните неколку часа пали инстантно. Сензорот за температура можда да e? Да не е глупо прашањево, ама да не случајно не чини бензинот? Лукоил ставам, гледам се жалат последно време од нив.

Инаку, се слуша убаво пумпата за гориво штом дадам контакт (акумулаторот е под совозач, пумпата е под возач мислам).

Фала!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #8 на: 10 Октомври 2014, 22:37:09 pm »
плинската мапа не ти добра, треба штелување на плинот. поради неа ти е поместена и бензинската и возилото не пали веднаш

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #9 на: 10 Октомври 2014, 23:30:58 pm »
да... и мене ми текна тоа прееска... мислам дека може да му се реши проблемот ако го извози на бензин некој ден (100-тина километри) па да иде на прештеловање на плинот, да не ја префрла на плин се додека не ја наштеловаат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #10 на: 10 Октомври 2014, 23:54:50 pm »
Ок момци, тоа го правам наредно.

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #11 на: 13 Октомври 2014, 14:29:03 pm »
Уште еден безуспешен обид, плинската мапа била иста како бензинската и ок била. Проверката на плинот беше дека нема никакви проблеми со плинот. Мајсторот ми даде нови предлози за проблемот: термостатот или регулаторот на бензин.

Отсутен bozoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #12 на: 13 Октомври 2014, 15:27:05 pm »
Сличен проблем имам со пежото, многу често е на резерва со бензин, па многу веројатно е да е проблемот до тоа, исти симптоми посабајлечки кога е незагреана не пали, дури по 4ти 5ти обид, а кога е загреана пали од прва без проблем на бензин па после префрла на плин, бев завчера кај дац да ми го ремапира плинот (ем невлече ко што треба и сецка плинот) и демек се опраи сецкањето 5 километра се океј, после ми пушти муабет демек некоја лопатка ли незнам што од плинот била подзамастена (прљава) па можно е да праела проблем на борд и ради тоа да не палело од прва, ја исчисти завчера, вчера сабајле палење исти курац пак 5-6 пати верглање у место, се што преостана е да го напунам фул резерварот и ко што пишал @onak да пробам да ја извозам строго на бензин некои си 100 км па да видам дали проблемот со палењето е ист ( пежото е купено на ново 2010 има поминато околу 140000) така да км овде не би требало да е проблем

Отсутен skrce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #13 на: 13 Октомври 2014, 16:02:45 pm »
@bozoo: А си пробал сабајлечки да ја запалиш директно на плин (ако имаш Ловато држи го цело време копчето стиснато и запали ја колата)? Филтер за воздух менуваш редовно?
Можеш и овој совет од мене да го пробаш: кога ја гаснеш колата навечер, остави ја 15-тина секунди да работи на бензин, па види дали ќе иам подобрување.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Проблем со ладно палење - Мерцедес А Класа 1999, бензин
« Одговори #14 на: 20 Октомври 2014, 08:46:56 am »
skrce, го поправи ли проблемот?