Абе луѓе, не го бранам Даеву што сте запнале. Ако сум негирал дека е катастрофално возило тоа е затоа што сум возел скоро све од Даеву освен Каптива и немам таков впечаток. Ама не значи тоа дека ако негирам дека нечини дека викам дека е кој знае какво возило како што вика Зеро.
За мене корејски возила се корејски возила. Не се јапонски ама не се ни кинески. Тоа е се.
Најубавото од даеву не си го возел ..
Пред месец дена возев Епика. Сосем конкурентен на европските ривали во класата на прв поглед. Не знам Зеро дали има возено па нека каже.
Еве јас ќе кажам за Епика, ако може...
Пред извесно време, возевме два корејски Шевролети, Круз и Епика, накај Маврово, и околу езерото. Двата беа со моќен дизелаш, а Епиката беше во топ изведба, со кожи, глупости итн итн... Доволни се 3 кривини да пројдеш по тоа интересното патче околу езерото, во едната па во другата кола, за да видиш колку само напреднале корејците со Крузот... Епиката беше апсолутно очајна, во блага кривина, при 50 km/h, веќе почна да лизга нанадвор, немаше никакво држење на пат, воланот - огромен и максимално непрецизен, ѓоамити кормило... Титаник имал бољи хендлинг од нејзе, а душичка и тој како заврши... Крузот беше сосема друг филм... Стегнат, спремен, интересен за возење и во ниеден момент не попушти во кривините. Самото тоа што во првиот официјален press release на Шевролет за Круз, они наведоа дека новиот автомобил има 140% поголема торзиска цврстина и 90% (или така нешто) поквалитетни и поцврсти материјали употребени за шасијата, во однос на претходникот (Ланос), одма станува јасно (или барем би требало да стане) какви ли само биле возилата на Даеву/Шевролет, пред да се појави Крузот.