Многу јасно дека ке пукне...Секоја фолија се лепи на топло време...+ фолијата ја резвлекуваат со помош на греење за да се добијат односно да се залепат кривинките и да легне како што треба...Е сега нормално е, а и претпоставувам дека сите имате учено во основно дека телата се шират на топло а се собираат на ладно...И не гледам што е тука спорно...На пример кровот е во најголем дел рамна површина и шансите нешто да испука на него се ногу мали...Хаубата во најголем дел е рамна површина, но прелапите на некој облини, вдлабнатини и прекршувања е неизбежно да се загреат до степен на развлекување...Така и овде се било развлечено, и нормално повторно ако се прочитаат некој закони од физиката кои гласат дека секое тело тежнее да си ја задржи формата и обликот, а во случајов принудно се прави тоа со затоплување се врши нарушување на структурата на молекулите во материјалот, во случајов фолијата, а притоа се раскинуваат врските кои всушност имаат за задача да ја зачуваат цврстината и еластичноста на материјалот...Значи нема врски кои го држат материјалот онаков каков што треба да биде и многу логично при ладење, материјалот се собира и деловите каде што се нарушени врските помеѓу структурата се прекинати и фолијата пука...
Толку...
p.s. И 500 нови фолии да се лепат, доколку се употреби греење и развлекување, повторно ке се случи истото.
Без греење и развлекување ефектот нема да биде тој...Но како и да е, и онака рокот на траење на најквалитетните фолии за лепење вкључувајќи ги 3М и Oracle по производителот имаат максимум 3 години на нормални надворешни услови односно од +5 до + 25 степени. -10 или + 40 никаде не се спомнати, така да во овој случај и гаранција не важи...Производителот е максимално заштитен во овој поглед...
:*