И јас имам луда идеа кај мене да местам такво нешто. Мене идеата ми е да земам +12в од кабинско светло горе. Е сеа со мултиметар ќе барам контакт кога ќе се отвори вратата тогаш да има струја и кога ќе ја затворам постепено да се гаси. - некаде на метален дел и фино лепо каблите спроведени под пластики и тапацири. Не е нешто комплицирано, според мене.
Само добар унимер (мултиметар) и да знаеш да користиш леткум.
пази да не се збуниш во барање на струјата. светлата во кабина и прекидачите нивни, со се модулите, во 99% од возилата, го гасат минусот, а не плусот. плус има на осигурачите свој, кој што константно е под напон. ако сте ги приметиле сијалиците извадени со се куќиштето, сите се некако чудни со дебели полуги, со мостови на копчето итн итн... тоа така затоа што минусот го користи од шасијата... аналогно на тоа, излегуваат многу интересни комбинации, од каде да земеш плус, ако минусот го врзеш на кабинското.
Јас на пример, би земал од прв контакт на брава... за да евентуално ако ми светне во нозе, значи сум отворил врата, а контактот не сум го изгасил. и исто така, реално е дека ако барам нешто кај нозете, тоа би било додека возам. само запали го кабинското светло (немора врата да отвараш, иако и така може) и автоматски ке се запали самото кај нозете, најди што ти паднало, изгаси го кабинското и таму ке се изгаси.