Доле има прекинувач on/off ама е на притискање и лево од него има друго копче кое се стиска и останува заглавен прекинувачот т.е во on позиција. На горниот дел има два потенциометри, еден за зголемување/намалување на брзината а другиот за бирање дали да буши нормално, ударно со чекан, итн. Прекинувачот е исправен, свири унимерот кога е притиснат, потенциометрите и тие се исправни се зголемува и се намалува отпорноста. Е тоа жолтото има три жици кои излегуваат од него, влез и излез на струја (фаза мислам) и една за маса. Кога ги проверувам тие две жици не свири унимерот, дали тоа значи дека има прекин некаде или неправилно мерам? Дека на моменти работи бормашината ама на прекин, не постојано. Не е батериска, на струја е. Шо чудо е тоа тиристор и како се мери, исто со тоа свирката?
Ај ќе сликнам некоја слика како изгледа целава оваа ситуација.
Прснав секаде со контакт спреј и убаво ги разработив и прекинувачот и потенциометрите, тие се океј.
Интересна дискусија, бај д веј.
Благодарности.