Автор Тема: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи  (Прочитано 2938 пати)

Отсутен nikolad

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« на: 18 Август 2014, 01:00:41 am »
Ќе ве замолам за совет.
Ја земав Хондава пред една недела. Има проблем што мислев дека не е озбилен, ама неможам да го средам :( .
Кога е ладен моторот почнува со 1500 обртаи после некое време пага на 900.
Е сега кога ја возам подолго време не ги држи константно 900 обртаи, него кога ќе застанам на семафор или било каде
не работи со 900 туку гасне.
Второ некогаш кога ќе појде неверојатно сецка и фрла нанапред , неподносливо е за возење.

 Сервисот што го направив.
Сменето:
 Уље ,
филтер за улље , филтер за воздух , филтер за бензин, бришачи
клинест каиш , каиш за алтернатор, 4 нови свеќици.
долни и горни јабучици на тркалата – центрирана предница.

Ве молам за мислење и помош. Претпоставуваат дека влегува воздух од некаде кај што нетреба , дали има некој што може тоа да го поправи ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #1 на: 18 Август 2014, 01:05:00 am »
дали овие симптоми се на плин? и ако е да, каков плин има? на плочка или на дизни?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #2 на: 18 Август 2014, 01:06:02 am »
нормално е кога ќе ја запалиш да држи 1500 па да си падне до 900

ова што ти гасне претпоставувам дека само на плин прави така а на бензин не

тоа што фрла напред најверојатно ти е скинат заден држач на мотор
се оправа не е страшно ќе ти оставам број во приватна порака

Отсутен nikolad

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #3 на: 18 Август 2014, 05:33:03 am »
Колата не е на плин. Ја возам на бензин 95.
Во ред е што паѓа од 1500 на 900 , не ми е јасно зашто подолжуваат да паѓаат обртаите до гаснење.
Инаку од претходниот сопственик е возена само на резерва. Можно ли е тоа да има направено додаден проблем ?

Ви благодарам за интересот  :)  и за брзите одговори.

Не сум користел многу форуми ваљда ќе го видите ова и Onak и Smichka. :)

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #4 на: 18 Август 2014, 11:09:01 am »
klapnata proveri ja, iscisti ja pa vidi dali ke pravi taka, isto vidi dali benziskata pumpa drzi konstanten pritisok koga e ladna i koga ke zagree

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #5 на: 18 Август 2014, 11:45:47 am »
ееее колку време се ебавав со овој лер на хондиве дур го средам да биде како што треба :D
и не,не е до клапната

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #6 на: 18 Август 2014, 11:54:15 am »
смичка.. за хондава ти ја знаеш болката нај убаво.. пиши што и како да провери и направи... знам дека ти твојата ја разглоби цела и пак ја склопи...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #7 на: 18 Август 2014, 11:57:05 am »
Мене скрос ми звучи како проблем со клапна, ама не сум Хондаџија :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #8 на: 18 Август 2014, 14:08:23 pm »
види убаво ќе и дојде чистење на клапната,али едноставно неможе да е до толку прљава за да може да прима и да врти до 7.000 а да не може да работи во лер

99% е вакум цревце или погрешно ставено или распукано а ги има доста
1% останува за IACV-то(моторчето за лер гас)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #9 на: 18 Август 2014, 16:09:28 pm »
Каблите за свеќиците кога се сменети последен пат? Бомбините исправни ли се?

Отсутен nikolad

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #10 на: 18 Август 2014, 16:51:59 pm »
Каблите за свеќиците кога се сменети последен пат? Бомбините исправни ли се?

Каблите ги порменив кога ја земав заедно со свеќиците , за бомбините не знам.
Еве ќе ја види Smichka па ќе пишеме што ја мачи.

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #11 на: 18 Август 2014, 17:56:22 pm »
види убаво ќе и дојде чистење на клапната,али едноставно неможе да е до толку прљава за да може да прима и да врти до 7.000 а да не може да работи во лер

99% е вакум цревце или погрешно ставено или распукано а ги има доста
1% останува за IACV-то(моторчето за лер гас)

100% тоа е.

ја имам истата и ја имав истата е***а мака долго време додека не го решив, ова ти се дешава кога кочиш така? на удолница, пред патарина, пред семафор,
и на тргнување, тргнува и од никаде ти ја гаси гаста, сецка
прво провери сите цревца што влагаат во вакум делот (како и да се вика) под тоа како карбуратор форма во средина што е пластика, под него од позади види влагаат многу цревца, и речиси сите ке ти бидат камен направени а пола ќе ти се пукнати некаде.
второ извади го сензорот за воздух веројатно, под тој вакум делот пред него некаде е на една цевка ставен, ке го најдеш извади го издувај го малце.
iacv-то исто така добро ќе биде да си го исчистиш за мирна глава
и последно исто ќе ти препорачам дизните од време на време да си ги однесеш на чистење (некаде кај што имаат таква машина со фрекфенции курци палци) и од нив знае ова да ти го прави.

ако имаш друг проблем, а знам дека немаш освен возачкиот прозор тешко што ти се крева ради искривената гума, рачката за фиоката што ти е скршена, и под мењачот што ти е паднат текстилот,
прашај слободно ;D ;D ;D ;D
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #12 на: 18 Август 2014, 21:13:38 pm »
види убаво ќе и дојде чистење на клапната,али едноставно неможе да е до толку прљава за да може да прима и да врти до 7.000 а да не може да работи во лер

99% е вакум цревце или погрешно ставено или распукано а ги има доста
1% останува за IACV-то(моторчето за лер гас)


ако имаш друг проблем, а знам дека немаш освен возачкиот прозор тешко што ти се крева ради искривената гума, рачката за фиоката што ти е скршена, и под мењачот што ти е паднат текстилот,
прашај слободно ;D ;D ;D ;D

-done
-done
-and done

;D

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #13 на: 18 Август 2014, 23:14:18 pm »
Јас пак имав ровер 214i од 94 год тоа ви е копија од хонда цивик , исто можам да потврдам се додека не ги управив вакум цревцата тој  проблем го имав......

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Honda Civic 1994 год -Проблем со обртаи
« Одговори #14 на: 18 Август 2014, 23:35:42 pm »
ааа кај мене тоа нече бити done уште долго ;D

p.s. заборавив да пишам, кога ќе ги менуваш цревцата, прочисти ги и дупките кај што влегуваат со мало желевце зачисти ги отворите и тие ти се полни гареж
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...