Автор Тема: Не иди струја ? Renault Megane 1.6  (Прочитано 2521 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Не иди струја ? Renault Megane 1.6
« на: 08 Јуни 2014, 15:18:18 pm »
Колата наеднаш почна да не пали, само вергла на празно никаков знак не дава и не иди струја на свеќици... сијаличката за имобилајзерот работи, е сега дали можи тој да не работи ако таа функционира најнормално ? Ја заклучвам се активира имоб. ја отклучвам се одблокирва и сијаличката престанва да свети(како што треба) ама пак колата не пали.
« Последно менување: 08 Јуни 2014, 17:33:19 pm n1kola »

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13941
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #1 на: 08 Јуни 2014, 15:33:45 pm »
Палењето е нешто...некогаш се случува и сензорот на радилицата да е заебан па вака да ти прави.

Друго не можи да е ...од тие двете едното е :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #2 на: 08 Јуни 2014, 16:44:19 pm »
Ако имаш проблеми со имобилајзерот симптомите ако добро те разбрав се тие. Вергла а не пали и свети сијаличката со клучот.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #3 на: 08 Јуни 2014, 16:57:45 pm »
Пробај со другиот клуч, ваљда имаш два. Ако пак не бива тогаш извади го Crankshaft Position Sensorot и зачисти го на врвот.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #4 на: 08 Јуни 2014, 17:07:42 pm »
Сијаличката не свети од имобилајзерот, тој изгледа си работи како што треба.

Пробав со другиот клуч пак нејќи.

Го извадив сензорот (TDC) го исшмирглав лесно и го прснав со WD пак нејќи.

Епа кизнај шо му е, утре ќе се носи на мајстор и осеќам дека ќе биди ѓаол и пол. Вчера најнормално си возеше и денес пробвам нема шанси да запали.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #5 на: 08 Јуни 2014, 17:12:32 pm »
може да е и бомбина

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #6 на: 08 Јуни 2014, 17:23:16 pm »
Две има, едната ми рикна пред некоја година ама пак колата палеше и работеше на 2 клипа. Ако изгореле двете

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #7 на: 08 Јуни 2014, 17:26:36 pm »
измери дали оди струја до бомбина,ако оди продолжуваш кабли свеќици
ако не оди,прегледуваш спој,слаб контакт компјутер сензори

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #8 на: 08 Јуни 2014, 17:29:29 pm »
А за што кола станува збор? Малку е глупаво да се бара помош за некој проблем, без да се пише точниот модел на колата, иако можеби добар дел од другите членови знаат за што возило станува збор.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Не иди струја ?
« Одговори #9 на: 08 Јуни 2014, 17:32:53 pm »
Megane 1.6 8v 97" .. ќе го корегирам и насловот сега.

EDIT: Фала на сите за советите, испадна дека откачено беше џекчето од TDC сензорот. Незнам како не го видов ко го чистев сензорот, не ми падна на памат за џекот само го исчистив и го вратив пак... сега слегов реков ќе ги проверам осигурачите под хауба и случајно видов скриен откачен џек, го поврзав со TDC и запали одма.

  ;D
« Последно менување: 08 Јуни 2014, 18:01:38 pm n1kola »

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Не иди струја ? Renault Megane 1.6
« Одговори #10 на: 08 Јуни 2014, 18:08:18 pm »
Свети чек-енџн сијаличето? И дали си прв сопственик? :)

ЕДИТ: Биднало :D

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13941
Одг: Не иди струја ? Renault Megane 1.6
« Одговори #11 на: 08 Јуни 2014, 18:35:08 pm »
...Ти реков дека е или со бомбината(бомбините) или сензорот на радилица :)

Како и да е...ето...средено :D

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Не иди струја ? Renault Megane 1.6
« Одговори #12 на: 08 Јуни 2014, 20:32:54 pm »
хаха битно не послуша и го исчисти :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: Не иди струја ? Renault Megane 1.6
« Одговори #13 на: 08 Јуни 2014, 20:36:50 pm »
Цитат
„Не иди струја ? Renault Megane 1.6“
Кај ќе иди, патиките и` се скинати! :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Не иди струја ? Renault Megane 1.6
« Одговори #14 на: 08 Јуни 2014, 20:39:19 pm »
А за што кола станува збор? Малку е глупаво да се бара помош за некој проблем, без да се пише точниот модел на колата, иако можеби добар дел од другите членови знаат за што возило станува збор.
Ти не разбираш како е да си во паника..
..на толку чисто перено восоцирано гланцано возило кога нема да ти запали.