Ми се појави сијаличката за check engine и не се гаси
Што точно значи ?
Дали е нешто сериозно или неморам ништо да направам сега пошто сум во Виена
Инаку се работи за фијат пинто 1.3мјет
Ја изгаснав колата стоеше едно 3саати на паркинг ама пак свети
општо правило кај сите автомобилски производители со бојата на сијаличките е:
-црвена сијаличка, АЛАРМАНТЕН ПРОБЛЕМ. мора ведаш да се санира проблемот, опасно е да се управува.
-портокалова сијалица значи ИМА ПРОБЛЕМ но не е опасно да се продолжи да се вози.
чекенџин е портокалова сијалица. тоа значи дека колата има некаков проблем, поврзан со коректното работење на моторот, но не е проблем кој би значел итно поправање. нај веројатно некој сензор откажал, нај често ламбда сонда, но немора да значи. можно е и од некое лошо гориво да запали чекенџин. во секој случај, продолжи да си возиш без да му ја мислиш многу за сијаличката, само немој да форсираш до максимум, т.е. немој да креваш брзини до крај колку што иде колата, а кога ке се вратиш во мк, однеси ја колата на дијагностика. чим е запален чекенџинот сигурно и во компјутер стои запишана грешка-проблем.
уживај во шетањето...