Имам неколку прашања до поискусниве со перење на коли

Моментално користам шампон од Feral со восок (
https://goo.gl/dH7QBk). Подобра алтернатива која би била?
Немам вап, туку имам пумпа од бунар, прилагодена како вап, прилично јак притисок. Е сега, прашањето ми е, гледам некои колите ги мијат со пена. Морам вап да купам за да мијам со пена? Нема некоја алтернатива да приклучиш цревото на чешма и оние што ги продаваат на aliexpress (
https://goo.gl/m8isXT) па да правиш пена или мора да купам вап?
Миењево со пена како оди, немаш контакт со колата туку прскаш само со пена? Со шампонов мора рачно да ја поминеш, па после да ја измиеш.
Кое е подобро, миење со шампон или со пена?
Друго, средство за миење бандаши и гуми кое би ми го препорачале?
Сега кога залади времево, ми кондензира предното стакло, па треба да пуштам парно да дува, средство некое за тоа? Имам слушнато дека течен сапун мал слој нанесуваш на сунгерче на целата шпфершајбна од внатрешната страна и дека го средувало тоа?