Татко ми има 1.3 карбуратор и ја имам газено 160км/н. Ама ова со ептен напор постигнато.
Инаку прв газда е ја има купено нова во 1999 и моментално има 75.000 поминато со неа за сите овие години.
Каросериски е коска. И фали полирање малце ама моторот е струја. Троши како луд ама тоа е. Карбуратор.
И замисли нема плин. На бензин си ја тера.
Како за мотор со карбуратор и дизајниран во 70-тите години, топ потрошувачка има. Верувам дека е испод 10 литра бензин во град.
Мене потрошувачката зимово ми беше ~12 литра плин, а преку летото ~11 литри.
На отворено во опсег 100-120 троши 7.5-8 литри плин.
Ако се прави споредба со бензин, тогаш овие вредности би биле околу 1.5 литри пониски. Не е страшно. Целата фора е во карбураторот и неговиот систем за саухот, малку доцни со отворањето и тоа е вака во глобала како маана.
Толку е 9-10 градска. 7 отворено.
MPI верзиите треба да се околу половина до 1 литар поекономични, односно 8-8.5 градска бензин, и 5-6 бензин на отворен пат