Здраво дечки,
ако сеуште го следите овој форум би сакла да јавно да го искритикувам вашиот сервис (кориснички а не сервис за инјектори бидејќи не успеав никако да стигнам до него).
На почетокот на Септември се договоривме за кој ден да ја донесам колата за тестирање на инјектори. До тој момент се одеше како што треба. Но за чудо дента кога се појави колата и ја дноесе некој друг во мое име (ангажирав мои најблиски да ми помогнат), испадна дека некако во моментите кога ние комунициравме се пропуштил фактот дека сервисерот зел одмор и некој тоа не го приметил па напраивме договор без да имате сервисер. Нејсе, се случува. Нема да коментирам тука сами си знаете подобро, но од тогаш ни глас ни траг.
Јас нема да продолжам соработувам со вас од проста причина што дури и да имате најсовремена опрема, знаење, умеење и искуство, немате една битна работа разбрано, а тоа е дека вашите корисници и вашите потенцијални корисници се најдобрата реклама и секако најдобриот можен начин да го промовирате вашиот квалитет. Почитувањето, директната и отоврена комуникација, доброто и јасно сетирање на очекувањата се подеднакво битни колку и квалитетот во „занаетот“.
Оваа е добронамерна забелешка. Немам намера да се лутам бидејќи овде во МК сум навикнат да очекувам да бидам измамен и изигран почесто отколку да добијам чесна услуга. А во вашиот случај освен мало изместување на моите најблиски не бев никако оштетен.
Овде на форумот има oдлични примери на одлично корисничко ориентирано однесување, можеби би сакале да ги прашате луѓево дали некој се пожалил на Плимонт, Аце VanJonson, Dog Security и др (ако некој заборавив нека не се лути).