За Дени : Уф, ќе ти дадам пример кој ми е извежбан, а кој не се разликува многу од твојот
Човек од 30 год прави полиса на 30 год. по 500Е годишно.
Заштедени пари за тие 30 години има 15 000Евра (15 по 30)
Поради фактот што си се одлучил за штедење во компанијата, тие те наградуваат со одреден процент загарантирана добивка во зависност од траење на осигурувањето, односно за 30 год. траење добивката е 65%, за 40 години добивката е 107%.
65% на 15 000 Е се отприлика 7500Е. Ти имаш 22 500Е.
На сега има една работа што ја нуди само СафеЛифе и се вика заштита од инфлација односно дека тие 500 Е денес не вредат како тие 500Е за 30 год. Оваа работа се рачуна како дополнителни 2% на годишната премија кои се плаќаат, односно оваа год. 500Е, наредна година 500Е + 2%= 520 и тн. Ова е дополнително и не е задолжително и може да се почне или прекине кога човек сака.
На тие 22 500 Евра заштедени пари се додаваат овие 2% годишно и се добиваат отприлика уште 19 000 Е. Тоа е грубо 40 000Е твои пари. А си заштедил само 15 000. Ова го нема во ниту една банка. Ако се одземе оваа заштита од нивните камати, останува 2-3% камата што е ништо.
За Ахтунг: Првите 3 год. е задолжително плаќањето затоа што твојата полиса се реосигурува во LOYD (отвори гугл и прочитај кои се LOYD). После таа трета година, плаќањето е флексибилно односно ако немаш пари, не мораш да уплатиш. Наредната ако имаш 500Е можеш сите да ги уплатиш иако полисата ти е да речеме на 300Е. Наредната пак немаш, пак не мораш и тн.
Роци, премногу прашања за да ти одговорам од работа... Ај едно по едно
И да ги замениме поимите плаќање со поимот Уплаќање затоа што овие пари не ги губите како при плаќање.