Не не не таман работа .....
Откажува во смисол на тоа што деловите побрзо се абат (поготово ако имаш 17) и тоа резултира со тропкање на јабучиците на нерамнини, квичење од гумените делови и сл. Но ако мислиш дека нешто ќе излета од кола, се лажеш мислам тоа само на филм

нормално ако не ја акаш по некој пат за џип (off road) мислејки дека си рели возач.
Работата е што треба да се ставаат само квалитетни делови, проблемот е што кај нас цените се за 50% повисоки отколку во Грција на пример и тука е целиот секс. Друга работа е што Алфа има спортско подвозје со двојни виљушки напред и мултилинк позади, па повеќе делови повеќе пари .) но и подобро движење низ кривини и стабилност. Се си има свое.
А ако земеш бензин, верувај освен во случај да има татко ти бензинска, ќе посакаш кога тогаш плин

Очекувај потрошувачка од 10-14 (во зависност како ја возиш низ град, а се лажеш кога сега си мислиш „па види јас нема да возам така“ .. сите сакаат да го чујат звукот на Алфа бензинецот) па 6-8 на отворено (нека ме корегира Симо ако грешам)
Кај дизелот очекувај 5-6 отворено со 7-8,5 низ град во зависност клима временски услови и сл.