Автор Тема: Трагикомични огласи на половни возила  (Прочитано 278637 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1125 на: 14 Мај 2022, 18:17:08 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4309676

Старо хјундаи по цена на ново
кумашинот мој исто такво со 40к километри од 2015 година го продаде за 12500 без проблем.

Требало после нотар да му даде на купувачот признание за најглуп човек за тој месец. Јас да бев ќе му дадев, или едно мирисче за во кола кога веќе ми платил скоро колку што сум платил за нова.
Slabo baratas so togasnite i segasnive ceni.

Јас добро баратам со сегашните и тогашните цени,ти слабо бараташ со кирилица.

Нова Елантра со највисока опрема одеше за 14500 евра. Ако ти даваш 1000 евра помалце за  половно возило старо 6 години споредено со цена на ново, да знам да те барам кога ќе продавам кола.

Еве го @BraneMKD нека пише колку ја земал Елантрата

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1126 на: 14 Мај 2022, 18:17:55 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4309676

Старо хјундаи по цена на ново
кумашинот мој исто такво со 40к километри од 2015 година го продаде за 12500 без проблем.

Требало после нотар да му даде на купувачот признание за најглуп човек за тој месец. Јас да бев ќе му дадев, или едно мирисче за во кола кога веќе ми платил скоро колку што сум платил за нова.
Иди купи денес нова Елантра за 13 бона.

Ако не голф 4ка да го платам 15к евра, дека денес оди купи нов голф за 15 бона.
А оти не даде пример со Голф2 ?

Кога го продавав Меганот најскапиот беше до 5000 евра по огласи, сега гледам најевтиниот е толку огласен, па види сега.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2610
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1127 на: 14 Мај 2022, 18:20:31 pm »
Не 4ка, ама голф 7  ке го платиш 15 бона.  Голф 4ките одат по 2500е. Од 1999год.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1128 на: 14 Мај 2022, 18:24:23 pm »
Јас моето си го кажав,ако сакате да платите 13200 евра за кола стара 6 години, а на ново одеа за 14500, слободно. Ваши пари ваш избор.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2610
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1129 на: 14 Мај 2022, 18:48:36 pm »
Точно така, тоа и ми беше поентата, ти не, јас не, ама некој да. И тоа го прават се повеќе, исто како што и јас несакам да платам 90ден за литар бензин ама луѓето плаќаат, ќе морам и јас ако сакам да возам...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17268
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1130 на: 14 Мај 2022, 18:51:11 pm »
Не 4ка, ама голф 7  ке го платиш 15 бона.  Голф 4ките одат по 2500е. Од 1999год.

Тоа за толку може да се огласени. Дека одат за толку...


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8000
  • Малерозен дрводарец
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1131 на: 14 Мај 2022, 18:51:59 pm »
Знаев дека си есдеес
Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2610
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1132 на: 14 Мај 2022, 18:54:34 pm »
Јас сум сигурен дека има будали луѓе.  што плаќаат 2500е за голф 4

( Се корегирав оти несакам да навредам некој. А познавам фв фанови што стварно сакаат голф и не им пречи да платат )
« Последно менување: 14 Мај 2022, 22:14:27 pm brm brm »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1133 на: 14 Мај 2022, 18:57:17 pm »
Има има, комшија пред 3 дена продаде голф 4ка за 2800 евра ама стварно сочуван.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1134 на: 14 Мај 2022, 19:56:46 pm »
Јас моето си го кажав,ако сакате да платите 13200 евра за кола стара 6 години, а на ново одеа за 14500, слободно. Ваши пари ваш избор.
Добро, според тебе колку треба да се движи Опел Астра класик Г ако пред 15 години се продавал за 9/10.000 евра или колку беа?

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6476
  • French diamond
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1135 на: 14 Мај 2022, 20:25:38 pm »
Не повеќе од 4000.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1136 на: 14 Мај 2022, 20:29:24 pm »
Не повеќе од 4000.
Пред 10 години :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1137 на: 14 Мај 2022, 20:42:53 pm »
Јас моето си го кажав,ако сакате да платите 13200 евра за кола стара 6 години, а на ново одеа за 14500, слободно. Ваши пари ваш избор.
Добро, според тебе колку треба да се движи Опел Астра класик Г ако пред 15 години се продавал за 9/10.000 евра или колку беа?

Мојата утре 4500 можам да ја продадам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1138 на: 14 Мај 2022, 21:01:39 pm »
Јас моето си го кажав,ако сакате да платите 13200 евра за кола стара 6 години, а на ново одеа за 14500, слободно. Ваши пари ваш избор.
Добро, според тебе колку треба да се движи Опел Астра класик Г ако пред 15 години се продавал за 9/10.000 евра или колку беа?

Мојата утре 4500 можам да ја продадам.
Јасно дека можеш, затоа и не е изненадување со Елантрата, и со ред други коли купени пред 5-6 години кои може да котираат близу до цената по која се купени.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Трагикомични огласи на половни возила
« Одговори #1139 на: 14 Мај 2022, 21:19:25 pm »
Не реков дека тоа е реална состојба или дека така треба, да се разбереме.

Арно ама, 9-10.000 евра тогаш, реално сега се 13-14.000, така да...

Соодносот на изгубена вредност процентуално е изменет, ама не многу. Е сега, што нас газот ни држи толку со нашите примања, тоа е друго.